21 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 21 декември — 355-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (356-и во престапна година). Остануваат 10 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1991 | Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави. |
| 1994 | Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години. |
| 1994 | Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесецк, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина. |
| 1968 | Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината вселенскиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата. |
| 1945 | Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкати, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени. |
Родени:
| 1879 | Јосиф Сталин — советски државник и политичар. |
| 1880 | Донка Ушлинова — македонска револуционерка. |
| 1906 | Игњат Крстевски — македонски градежен инженер. |
| 1914 | Иван Генералиќ — југословенски и хрватски сликар. |
| 1917 | Хајнрих Бел — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1972 година. |
| 1922 | Мито Хаџивасилев - Јасмин — македонски револуционер. |
| 1924 | Крум Томовски — македонски академик. |
| 1937 | Џејн Фонда — американска глумица. |
| 1940 | Френк Запа — американски рок-музичар. |
| 1941 | Џон Хикс — американски џез-музичар. |
| 1942 | Ху Ѓинтао — претседател на НР Кина. |
| 1947 | Пако де Лусија — шпански гитарист. |
| 1953 | Светислав Басара — српски писател. |
| 1954 | Крис Еверт — американска тенисерка. |
| 1959 | Флоренс Грифит Џојнер — американска атлетичарка. |
| 1967 | Михаил Сакашвили — претседател на Грузија. |
| 1990 | Милош Ќук — српски ватерполист. |
| 1996 | Бен Чилвел — англиски фудбалер. |
| 2000 | Јам Мадар — израелски кошаркар. |
Починале:
| 1375 | Џовани Бокачо — славен италијански писател и хуманист. |
| 1401 | Мазачо — италијански уметник. |
| 1881 | Франческо Ајец — истакнат италијански академски сликар и портретист |
| 1940 | Френсис Скот Фицџералд — американски писател . |
| 1987 | Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист. |
| 2006 | Сапармурат Нијазов — туркменистански автократ. |
| 2014 | Васил Шишков — македонски глумец, син на глумецот Ристо Шишков. |
| 2019 | Емануел Унгаро — француски моден творец. |
Празници:
| * | Краткодневица, на северната полутопка денот е долг само 8 часа, а ноќта 16. |