Пако де Лусија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пако де Лусија

Пако де Лусија во 2007
Биографски податоци
Роден(а) декември 21, 1947(1947-12-21)
Потекло Алгесирас, Андалузија, Шпанија
Починал(а) февруари 25, 2014(2014-02-25) (на 66 год.)
Жанрови Фламенко музика, класична музика, џез
Занимања композитор, гитарист
Инструменти гитара

Пако де Лусија (21 декември 1947 - 25 февруари 2014) — шпански композитор и гитарист. Признаен како виртуозен фламенко гитарист низ целиот свет, тој бил главен застапник на стилот модерно фламенко и еден од ретките фламенко гитаристи кои успеале успешно да се префрлат и на други жанрови музика. Тој уживал свирејќи многу стилови музика, како: класична музика, џез и светска музика. Пако де Лусија бил добитник на наградата Принц на Аструријас во 2004 година, а во 2010 година му бил доделен почесен докторат од колеџот за музика, Беркли, во Бостон.

Биографија[уреди]

Пако де Лусија бил роден како Франциско Санчез Гомез во Алгесирас, град во периферијата на Кадиз, во најјужниот крај на Шпанија. како најмал од пет деца на фламенко гитаристот Антонио Санчез и брат на фламенко пејачот Пепе де Лусија и фламенко гитаристот Рамон де Алгесирас, тој го усвоил сценското име Пако де Лусија, во чест на неговата мајка од Португалија, Лусија Гомез. Во Алгесирас, воопшто во Андалузија, по обичај на момчињата им се додавало името на мајката (особено кога имаат исти први имиња), за полесно да може да се идентификуваат ("Paco de (la) Carmen," "Paco de (la) María," итн.).

Во 1958 година, на возраст од 11 години, Пако за првпат настапил јавно на радиото Алгесирас, а една година подоцно бил награден со посебна награда на фламенко натпревар. Во 1961 година, тој отишол на турнеја со фламенко екипата на танчерот Хозе Греко. Во 1964 година, го запознал гитаристот Рикардо Модрего од Мадрид со кој снимил три албуми: Dos guitarras flamencas, Dos guitarras flamencas en stereo, и Doce canciones de Federico García Lorca para guitarra. Помеѓу 1968 и 1977 година, Пако де Лусија имал “плодна“ соработка со пријателот Camarôn de la Isla, фламенко пејач. Тие снимиле 10 албуми заедно.

Облечен како мексикански гитарист, Де Лусија се појавил кратко во вестернот Hannie Caulder, свирејќи мелодија од Кен Торн.

Албумот Алмораима од 1976 година бил голем успех со песни како Almoraima и Rio Ancho, од кои втората била обработена и од други гитаристи, како Ал Ди Меола. Во 1979 година, де Лусија, Џон Меклолин и Лари Кориел го формирале “Гитарското трио” и заедно направиле кратка турнеја низ Европа и објавиле видео снимка од настапот во Royal Albert Hall во Лондон, со наслов Meeting of Spirits. Подоцна, Кориел бил заменет со Ал Ди Меола и од 1981 година триото снимило три албуми. Бендот на де Лусија, "Paco de Lucia Sextet" (во кој биле и неговите браќа Рамон и Пепе) го издал првиот од своите три албума истата година. Пако де Лусија издал неколку албуми кои опфаќале и традиционални и модерни фламенко стилови.

Од лево на десно: Ал Ди Меола, Џон Меклолин, и Пако де Лусија

Во 1995 година, го снимил хитот "Have You Ever Really Loved a Woman" со Брајан Адамс, за филмот Дон Хуан Де Марко. Преку својата широка дискографија тој ги поместил техничките и музичките граници на својот инструмент. Универитетот во Кадиз му оддал признание на музичкиот и културниот придонес на де Лусија доделувајќи му титула на доктор на науки Honoris Causa, на 23 март, 2007 година.

Сè додека не бил повикан да ја изведе композицијата Concierto de Aranjuez на Хоакин Родриго во 1991 година, де Лусија не бил вешт во читање на музички ноти. Како фламенко гитарист, Пако де Лусија тврдел дека во својата изведба на концертот ѝ дал приоритет на ритмичката прецизност за сметка на совршениот тон кој го претпочитале класичните гитаристи. Хоакин Родриго изјавил дека изведбата на де Лусија била “прекрасна, егзотична и вдахновена”.

Смрт[уреди]

Де Лусија починал од срцев удар на 25 февруари 2014, додека бил на одмор со својата фамилија во Канкун, Мексико.[1][2][3] Во неговиот роден град Алхесирас е објавена тридневна жалост.[4][5]

Наводи[уреди]

  1. http://www.cronica.com.mx/notas/2014/818036.html (шпански)
  2. Spanish flamenco guitarist Paco de Lucia dies at 66“, 26 февруари 2014 (конс. 26 февруари 2014).
  3. „Renowned Spanish flamenco guitarist Paco de Lucia dies at 66“. Reuters. 26 февруари 2014. http://www.reuters.com/article/2014/02/26/us-spain-delucia-idUSBREA1P0E720140226. конс. 26 февруари 2014. 
  4. „Legendary flamenco guitarist Paco de Lucia dies“. The Guardian. 26 февруари 2014. http://www.theguardian.com/music/2014/feb/26/paco-de-lucia-flamenco-guitarist-dies. конс. 26 февруари 2014. 
  5. "Paco de Lucía muere a los 66 años" (шпански); cultura.elpais.com; accessed 26 February 2014.