Хајнрих Бел
Хајнрих Теодор Бел | |
---|---|
![]() Хајнрих Бел во 1981 г. | |
Роден/а | 21 декември 1917 Колоњ, Германија |
Починат/а | 16 јули 1985 Лангенбројх, Северна Вестфалија, Западна Германија | (возр. 67)
Националност | Германец |
Значајни награди | Џорџ Бушерова награда 1967 Нобелова награда за литература 1972 |
Потпис | ![]() |
Хајнрих Теодор Бел (21 декември 1917 - 16 јули 1985) — еден од најистакнатите и најчитаните германски писатели на 20 век. Добил нобелова награда за книжевност во 1972 г. Автор е на повеќе дела кои се вбројуваат како класици на модерната германска литература.
Раните години[уреди | уреди извор]
Бел го добил основното образование во Келн. Пишувал уште од младешки години и бил еден од малиот број младинци што не учествувале во политичкото движење Хитлерјугенд. [1]
Творечки опус[уреди | уреди извор]
Првиот роман го објавил на германски и на англиски јазик. Во 1949 година Возот беше точен, а потоа следуваат серија книги што ја опишуваат бесмислата на војната и немаштијата во повоените години.
Патнику, ќе дојдеш ли во Спа. . ., (1950), Каде беше Адам?, (1951), и Лебот на нашите рани години, (1955).
Други негови дела се:
- Црни овци (расказ);
- Куќа без чувари
- Билјард во девет и полoвина, роман, (1959);
- Мислењето на еден кловн , роман, (1963);
- Жена во пејзаж со река
- Отсутен, без да заминал, роман, (1964);
- Крајот на една мисија, роман, (1966);
- Групен портрет со дама, роман, (1971);
- Загубената чест на Катерина Блум, политичка новела, (1974), која е критика на сензационалистичкото новинарство;
Во своите романи и раскази, пиеси и есеи, Бел ги осудува фашизмот и општествениот поредок во Германија, што ги познавал за време и по Втората светска војна.[1]
|