Исак Башевис Сингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исак Башевис Сингер
Isaac Bashevis Singer
Исак Башевис Сингер во 1988 година
Роден/аИсак Зингер
21 ноември 1902(1902-11-21)
Леонќин, Полска
Починат/а24 јули 1991(1991-07-24) (возр. 88)
Сурфсајд, Флорида, САД
ЈазикЈидиш
НационалностСАД
НародностПолски Евреин
Период1927–1991
Значајни делаВолшебникот од Лублин
Значајни награди Нобелова награда за литература
1978
Исак (десно) со неговиот брат Израел Јошуа Сингер (1930-ти)
Улицата Крошмална во Варшава близу до местото каде што живееле семејството Сингер (1940 или 1941)
Споменик на Исак Сингер во Билогорај
Комеморативна спомен плоча на улицата Крошмална 1 во Варшава

Исак Башевис Сингер (21 ноември 1902, Леонќин, Полска - 25 јули 1991, Мајами, САД) — полски и американски писател од еврејско потекло, добитник на Нобелова награда за литература во 1978 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Татко му на Исак Башевис Сингер бил рабин, приврзаник на хасидизмот, а мајка му имала порационални погледи. Во 1908 година, семејството живеело во еврејскиот кварт во Варшава. Сингер го добил традиционалното образование на јазикот иврит, читал книги на јазикот јидиш на современи научни, политички и економски теми и уметничка литература. Од 1917 до 1920 година живеел во родното село на мајка му, Билгорај, каде што традициите и начинот на животот на Евреите биле зачувани и неизменети од средновековието. Во 1920 година, кратко време учел во богословијата за рабини во Варшава. Во 1923 година работел во списанието издавано од брат му Израел Јошуа - писател, застапник на идејата за обновување на јудаизмот преку поголемо учество на Евреите во европската култура. Во меѓувреме Сингер стекнал познавања на филозофијата, психологијата и природните науки, пројавувал интереси за окултизмот и преведувал творби на Кнут Хамсун, Томас Ман и Ерих Марија Ремарк. Од 1933 година бил заменик уредник на списанието „Глобус“, каде што го објавил својот прв романСатаната во Гореја“ (1943), кое се смета за негово најдобро дело. Во 1935 година, обеспокоен од растечкиот бран на антисемитизмот во Германија, Сингер заминал во САД. Живеел во Њујорк и работел во списанието „Џуиш дејли форварг“, во кое од 1932 година работел и неговиот брат. Во 1943 година тој станал државјанин на САД.

Дела[уреди | уреди извор]

Творештвото на Сингер е големо и се состои од романи, раскази и поезија. Долги години, пишувал само на јидиш, а најпознати негови дела се: „Семејството Мушкат“, „Сатаната во Гореја“, „Волшебникот од Лублин“, „Спиноза од пазарот“, „Роб“ и „Непријатели“.[2]

Во 1978 година ја добил Нобеловата награда за литература. Во таа прилика, Сингер изјавил: „Добив многу поголемо признание отколку што заслужувам“. Во своите дела, Сингер е опседнат со животот и страдањата на Евреите и поради тоа, тој стекнал светска слава многу доцна - дури во својата 74. година. Сингер е писател кој мисли длабоко, но понекогаш и еретички. Поради тоа, критичарите често го нарекувале „мудар еврејски лудак“ и „филозоф обземен со сексот, питом фаун со топло срце исполнето со силни страсти и верски колебања“. Тој може да се опише како верски фанатик со нерелигиозни сфаќања, бидејќи во своите дела е опседнат со судбината на поединецот и девалвацијата на моралните вредности. Ликовите во неговите дела секогаш се нетипични јунаци, кои се мачат да ги осознаат вистината и суштината на нештата. Обично, тие се длабоко религиозни, но се наоѓаат во постојана расправа со Бога. За себе, Сингер рекол: „Пишувам само за оние теми што ме фасцинираат. Ги оживувам личностите и случките кои ниту еден друг писател не би бил во состојба толку пластично да ги прикаже“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  2. 2,0 2,1 „Beleška o piscu“, во: Isak Baševis Singer, Rob. Beograd: BIGZ, 1979, стр. 259-260.