Висенте Алеиксандре
Винсенте Алеиксандре | |
---|---|
Алеиксандре во 1977 година | |
Роден/а | Винсенте Пио Марцелино Ќирило Алеиксандре у Мерло (Vicente Pío Marcelino Cirilo Aleixandre y Merlo) 26 април 1898 Севиља, Шпанија |
Починат/а | 14 декември 1984 Мадрид, Шпанија | (возр. 86)
Занимање | Поет |
Националност | Шпанец |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1977 |
Висенте Пио Марселино Сирило Алеиксандре и Мерло (шпански: Vicente Pío Marcelino Cirilo Aleixandre y Merlo, (роден на 26 април 1898, во Севиља - починат на 14 декември 1984, во Мадрид) — шпански поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1977 година „за креативно поетско пишување кое ја осветлува состојбата на човекот во космосот во денешното општество, а воедно и за обновувањето на славната шпанска поетска традиција помеѓу двете светски војни“[1].
Бил еден од поистакнатите претставници на познатата Генерација на 27-та.
Животопис
[уреди | уреди извор]Винсенте Алеиксандре е роден во Севиља Шпанија на 26 април 1898 година. Детството го поминал во Малага, а од 1909 година живеел во Мадрид. Студирал право на Универзитетот во Мадрид и на Мадридската економска школа. Од 1925 година целосно се посветил на књижевноста.
Неговата прва збирка поезија со наслов Поле, ја објавил во 1928 године, а понатаму, хронолошки објавил голем број на книжевни дела, особено поетски збирки. Во 1933 година ја добил Националната награда за книжевност за збирката поезија Разорување или љубов.
Во текот на Шпанската граѓанска војна (1936—1939) живеел во републиканската слободна зона. Во текот на војната, се разболел и четири години живеел и се лекувал во Мадрид. Неговите дела и работа биле забранувани од новата власт. Во 1944 година ја објавил поетската збирката Сенката на рајот, држејќи се подалеку од политичкиот естаблишмент.
Во 1950 година, бил избран за член на Шпанската академија. Неговiте книги и антологии се објавуваат и денес, затоа што за нив и неговата поезија постои поголем интерес и читателска публика. Шведската кралска академија му ја доделила Нобеловата награда за литература за севкупното творештво, во 1977 година. Умрел во Мадрид на 14 декември 1984 година[2].
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговиот поетски опус имал неколку фази: рана, надреалистичка и поезија реализирана во поодминатите години.
Раната поезија на Алеиксандре, била пишувана во слободен стих, со примеси и елементи од надреализмот. Во нив, ја воспева природата, користи длабоки и оригинални симболи, со најчести, мотивски определби кои се инспирирани од морето и земјата. Многу од првите песни на Алексендер се исполнети со тага. Тие го одразуваат неговото чувство дека луѓето ја изгубиле страста и слободниот дух кој некогаш постоел во хармонија со природата. Тој бил еден од најголемите поети на шпанската книжевност заедно со Пабло Неруда и Федерико Гарсија Лорка[3].
Раната фаза
[уреди | уреди извор]Неговата прва книга Поле, напишана помеѓу 1924 и 1927 година и објавена во Малага во 1928 година, е дело на поет почетник кој сè уште го барал својот автентичен израз. Краток и слободен стих, како и припаѓања кон потполната уметничка слобода и естетика кои биле под влијание на Хуан Рамон Хименес и Хорхе Гиљен како и елементи од класичната шпанска поезија од Златното доба.
Надреалистичката поезија
[уреди | уреди извор]Во наредните години, помеѓу 1928 и 1932 година, радикално се менува поетската концепција на Алеиксандре.
Инспириран од претходниците на надреализмот, особено од творештвото на Артур Рембо и Лотреамон како и од Фројд, тој започнува да применува поетско изразување во форма на поезија во проза особено изразени во "Страста на Земјата" од 1935 година во која преовладувал слободниот стих со јасни надреални методи и визионерски слики.
Во овој период, објавил низа поетски творби со истакната уметничка креативност: Мечеви слични на усните, Разорување или љубов, во 1935 година, Сенката на рајот, 1944 година. Овие збирки се истакнуваат со автентична оригиналност и поетска постапка која е значајна во развојот не само на шпанската поетска традиција. Во нив ја слави љубовта, природата, критикувајќи ги конвенционализмот со кој општеството се обидува да го зароби човечкиот дух и творечка слобода.
Антропоцентрична поезија
[уреди | уреди извор]По Граѓанската војна во Шпанија, неговото дело повторно се променува, приближувајќи се кон социјалната поезија, во која главна тема е животот на обичниот човек, неговите страдања и илузии. Неговиот стил станува полесен и подостапен. Од оваа фаза се делата Историјата на срцето од 1954 година и Големиот демон, од 1962 година.
Поезијата создавана во поодминатите години
[уреди | уреди извор]Во неговите последни книги Песни на потрошувачка, 1968 година, и Дијалози на спознанието, 1974 година, забележлива е одредена реминисценција кон поранешното, особено надреалистичко творештво а покрај ова, присутна е и одредена меланхолична состојба во која се мотивите за смртта, медитативноста и филозофското спокојство. Воедно, во оваа последна фаза покажал исклучителна склоност кон таинствена метафизика во изразот и синтеза на посеопфатна рефлексивност[4].
Творечки опус
[уреди | уреди извор]- Поле, Малага, 1928[5].
- мечеви како усните, 1932.
- Разрушување и љубов, 1933.
- Страста на земјата,1946).
- Сенката на рајот, 1944.
- Смртта на Мигел Ернандес,1948.
- Осамен Свет,1950.
- Рајски песни,1952.
- Последното раѓање,1953.
- Историја на срцето,1954.
- Градот на рајот,1960.
- Собрани песни,1960.
- Во огромниот домен,1962.
- Имињата на портретите,1965.
- Собрани песни,1977).
- Консумирани песни,1968.
- Надреалистичка поезија,1971.
- Звуците на војната,1971.
- Осознајните дијалози,1974.
- Три поеми,1984.
- Неколку нови песни ,1987.
- Прекрасните ноќи. Последни песни,1991.
- Албум, Стихови на младоста,1993.
- Собрани песни,2001.
- Собрана проза,2002.
- Писма до Цемс Шелс (1969-1984),2006.
Литература
[уреди | уреди извор]- Боусоно К. Поезијата на Винсенте Алеиксандре, Мадрид: Редакција Гредос, 1968[6],[7].
- Кано Џ.Л. Винсенте Алеиксандре Мадрид, Бик, 1977[8].
- Колинас А.Коноцер Винсенте Алеиксандре и неговото дело, Барселона, ДОПЕСА, 1977[9].
- Арландес С. Винсенте Алеиксандре. Мадрид, Синтеза, 2004[10].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Nobel Prize in Literature 1977
- ↑ Vicente Aleixandre. Biografía
- ↑ „Vicente Aleixandre - Works“. Архивирано од изворникот на 2017-10-24. Посетено на 2019-05-31.
- ↑ Libros de poesía
- ↑ La poesía de Vicente Aleixandre
- ↑ „Literatura“. Архивирано од изворникот на 2019-06-12. Посетено на 2019-05-31.
- ↑ LA POESIA DE VICENTE ALEIXANDRE
- ↑ Cano J.L.
- ↑ Colinas A. Conocer
- ↑ Arlandis S. Vicente Aleixandre[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vicente Aleixandre (1898-1984) Архивирано на 18 ноември 2019 г.
- Vicente Aleixandre, poeta y premio Nobel Архивирано на 27 мај 2019 г.
- 5 poemas de Vicente Aleixandre
- Discurso de Vicente Aleixandre
- Poesia
- La poesía completa de Aleixandre
- real Academia
- La Poesía de Vicente[мртва врска]
|