Карл Шпителер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карл Фридрих Георг Шпителер

Карл Фридрих Георг Шпителер е швајцарски писател, поет и есеист. Роден е во Листал недалеку од Базел, на 24 aприл 1845.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1849 г. семејството му се сели во Берн, додека тој останал да живее кај својата тетка во Базел, каде учел гимназија и се подготвувал за студии. Од најраните години се интересирал за музиката, цртањето, митологијата и епската поезија. Од 1863 г. студира право на Универзитетот во Цирих. Од 1865-1870 г. студира теологија на истиот универзитет како и на инстутутот во Хајделберг и Базел. Подоцна, осум години престојува во Русија како и во Финска каде работи како приватен учител. По 1879 г. се враќа во Берн и работи како учител, новинар и издавач.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Во 1881 Шпителер, под својот псевдоним Карл Феликс Тандем ја објавува алегоричната проза „Прометеј и Епиметеј“, прикажувајќи ги контрастите меѓу идеалите и догмите низ двете митолошки фигури од насловот. Подоцна во 1924 г. го редактира ова дело и го објавува под неговото вистинско име, но под наслов „Прометеј страдалникот“. Многумина ова дело го споредуваат со делото на Ниче „Така говореше Заратустра“. Ова дело подоцна влијаело и на теоријата на Јунг а особено во неговата книга Психолошки типови.

Од 1900-1905 г. го пишува неговото ремек дело, моќната алегориска епска поема „Олимписка пролет“ за која во 1919 г. ја добил Нобеловата награда за литература. Во оваа поема се испреплетени фантастичните, натуралистичките, религиозните и митолошки теми кои говорат за човечката загриженост пред универзумот. Во автобиографската новела „Имаго“ пишувана во 1906 г. ја испитува улогата на потсвеста и на конфликтот помеѓу креативниот ум и ограниченоста на средната класа.

Во 1892 г. благодарение на наследството се преселува во Луцерн каде му е овозможено да се занимава со креативна работа. Во последните години од својот живот ги минал во напори повторно да го напише своето прво дело „Прометеј и Епиметеј“ кое во текот на 1924 г. се појавило под насловот „Прометеј страдалникот“.

Истата година на 29 декември умира во Луцерн.

Освен наведените дела ги напишал и следниве дела:

  • „Екстрамундана“,
  • „Куче и мачка“,
  • „Олаф“,
  • „Пеперутки“,
  • „Густав“,
  • „Јумала. Финска приказна“,
  • „Балади“,
  • „Конрад, поручникот“,
  • „Хера невестата“,
  • „Моите најрани доживувања“ и многу други.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Превод на литературни дела од автори добитници на Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име a.