Сили Придом
Сили Придом | |
---|---|
Роден/а | Рене Франсоа Арманд Придом 16 март 1839 Париз, Франција |
Починат/а | 6 септември 1907 Шатне Малабри, Франција | (возр. 68)
Занимање | Поет и есеист |
Националност | Француз |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1901 |
Сили Придом (француски: Sully Prudhomme или René François Armand Prudhomme; 16 март 1839 — 7 септември 1907) — француски книжевник од времето на Парнасовото движење, кое тежнеело кон обновување на елеганцијата романтизмот во француската поезија. Во 1901 година ја добил Нобеловата награда за литература, и со тоа станува првиот човек на кого му е доделена оваа награда.
Тој бил првиот француски и светски писател што ја добил Нобеловата награда за литература.[1]
Почетоци
[уреди | уреди извор]Придом сакал да стане инженер, но неговите студии биле прекинати од здравствени причини. Потоа, тој се свртил кон правните науки и работел кај еден нотар. Неговото поетско деби било успешно. Првата стихозбирка, „Станси и песни“ била објавена во 1865 година и била дочекана со ласкави пофалби од тогашниот водечки француски критичар и теоретичар Сент Бев и тој ја трасирал поетската кариера на авторот.
Творештво
[уреди | уреди извор]Придом започнал со поетски сентиментализам, но со текот на времето, иако присутен и во првата, присутен е и во втората стихозбирка „Искушенија“ (1866) и „Осамености“ (1869), ќе им сврти грб за да се вглоби во пооригинален и личен стил кој и придава големо значење на формата. Со еден збор, тој ја открил школата на францускиот Парнасизам чиј водечки поет бил Теофил Готје. Поет на класичната убавина и истенчениот психологизам, како и на романтичарската носталгија кон старината, исчезнатите нешта и спомените. Но, и покрај тоа, во неговата поезија е присутен и кортезијанскиот култ кон разумот, науката , естетиката и филозофијата. Но сепак, овие песни се многу поповршни од песните чиј мотив е чистата убавина и просторот на душата, чувствата и меката меланхолија за светот што исчезнува пред нашите очи.
Нобелова награда
[уреди | уреди извор]Сили Придом е првиот писател кој ја добил Нобеловата награда за литература, а му била даддена како посебно признавање на неговиот поетски состав, во кој има идеализам, уметничка совршеност и ретка комбинација на квалитетите на срцето и интелектот. Тој ги посветил добиените пари од наградата на создавање поетска награда што ја доделувало здружението Општество на книжевни луѓе.
Смрт
[уреди | уреди извор]Сили Придом имал здравствени проблеми од 1870 година. Кон крајот на животот здравјето му се влошило, па живеел без многу контакт со јавноста, бидејќи бил парализиран. Сепак, и во таква состојба, тој пишувал есеи. Починал на 6 септември 1907 година, и бил погребан на гробиштата во Шатне Малабри, блиску до Париз.
Дела
[уреди | уреди извор]Заедно со Жозе-Марија Ередија и Лен Диркс, во 1902 година го основале Друштвото на француските писатели.
За време на својот живот ги објавил следнива книги поезија:
- 1865, „Станси и песни“;
- 1866, „Искушенија“;
- 1869, „Осамености“;
- 1872, „Судбини“;
- 1874, „Франција“;
- 1875, „Залудни нежности“;
- 1876, „Зенит“;
- 1878, „Правда“;
- 1888, „Поезија“;
- 1886, „Призма“;
- 1888, „Среќа“;
- 1908, „Останки“-посмртно;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова наград, НИД „Микен“, Битола, 2009
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сили Придом на Ризницата
- Биографија на Сили Придом Архивирано на 22 ноември 2001 г.
- britannica.com
- Poesies.net: Sully Prudhomme
- Дела од Sully Prudhomme на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Сили Придом на Семрежниот архив
|
|