7 септември
Изглед
7 септември — 250-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (251-и во престапна година). Остануваат 115 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2026
Настани:
| 70 | Римската армија под водство на војсководецот Тит го окупира и уништва Ерусалим. |
| 1764 | Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. |
| 1822 | Бразил прогласува независност од Португалија. |
| 1901 | Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи. |
| 1940 | Авионите на Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“. |
| 1992 | Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. |
| 1993 | Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија. |
| 1997 | Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ во Македонија. |
| 2012 | Околијата Јиљанг, Кина ја погодуваат два земјотреса со јачина од 5,6 и 5,3 Mw. Несреќата однела 89 животи и повредила 800 лица. Срушени се 20.000 домови, а евакуирани се уште 100.000 граѓани. |
Родени:
Починале:
| 1151 | Џефри Плантагенет — гроф на Анжу. |
| 1362 | Јована — кралица на Шкотска. |
| 1719 | Џон Харис — англиски писател. |
| 1881 | Сидни Ланиер — американски писател. |
| 1907 | Сили Придом — француски писател. |
| 1910 | Кјока Изуми — јапонски романописец. |
| 1932 | Аргир Манасиев — македонски револуционер. |
| 1939 | Вилијам Холман Хант — англиски сликар. |
| 1962 | Исак Динсен — дански писател. |
| 1978 | Кит Мун — англиски рок-музичар, член на групата „Ху“. |
| 1994 | Теренс Јанг — британски режисер. |
| 2003 | Варен Зевон — американски музичар. |
| 2005 | Хоуп Гарбер — канадска глумица. |
| 2008 | Дино Дворник — хрватски пејач и глумец. |