28 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Септември 2016

28 септември е 271-иот ден во годината според григоријанскиот календар (272-и во престапна година). Остануваат 94 денови до крајот на годината.

Настани:

1864  Во Лондон е формирана Првата интернационала.
1867  Торонто станува главен град на Онтарио.
1898  Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.
1993  Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1994  Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин.

Родени:

551 п.н.е.  Конфучијкинески философ († 479 п.н.е.)
58 п.н.е.  Ливија Друсила, сопруга на римскиот цар Октавијан Август и мајка на царевите Тибериј и Друз († 29)
1841  Жорж Клеменсо — француски политичар.
1934  Брижит Бардо — француска глумица, пејачка и фото-модел.
1944  Роберт Баро — американски економист.
1954  Еван Лури — американски џез-музичар.
1960  Мехмед Баждаревиќ — југословенски и босански фудбалер и тренер.
1961  Јорданка Донкова — бугарска атлетичарка.
1981  Хосе Калдерон — шпански кошаркар.
1982  Александар Ањуков — руски фудбалер.
1988  Марин Чилиќ — хрватски тенисер.

Починале:

1891  Херман Мелвил — американски писател.
1895  Луј Пастер — француски хемичар и биолог.
1960  Наум Наумовски - Борченароден херој на Македонија.
1966  Андре Бретон — француски писател.
1991  Мајлс Дејвис — американски џез-музичар.
1994  Вангел Коџоман — македонски сликар.
2010  Михаил Левенски — македонски писател, философ и невропсихијатар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември