16 септември
Изглед
16 септември — 259-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (260-и во престапна година). Остануваат 106 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1810 | Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година. |
| 1941 | Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници. |
| 1959 | Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување. |
| 2010 | НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија. |
Родени:
Починале:
| 827 | Валентин — римски папа. |
| 1087 | Виктор III — римски папа. |
| 1380 | Шарл V Мудриот — крал на Франција. |
| 1824 | Луј XVIII — крал на Франција. |
| 1840 | Паул Рудолф фон Билгер — германски шахист. |
| 1932 | Александар Танев — генерал во бугарската армија |
| 1977 | Марија Калас — американска оперска пејачка (сопран) од грчко потекло. |
| 1977 | Марк Болан — англиски рок-музичар. |
| 1980 | Драган Ташковски — македонски историчар и публицист. |
| 1989 | Роберт Пен Ворен — американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда. |
| 1993 | Рок Петрович — словенечки и југословенски скијач. |
| 2016 | Душан Ивковиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер. |
| 2025 | Роберт Редфорд — американски глумец, режисер и продуцент. |
| 2025 | Дејан Миловановиќ — српски фудбалер. |
Празници:
| Ден на независноста на Мексико. |