Филмски режисер

Филмски режисер[1] — личност што го раководи снимањето и производството на филмот. Голем број луѓе ги сметаат продуцентите, снимателите, монтажерите како и експертите за посебни ефекти за режисери.
Филмскиот режисер ја оформува неговата замисла на сцената, ги управува уметничките и драмски движења на глумците, заедно со целата авторска екипа што работи според неговата идеја. Во некои случаи, режисерите немаат целосно управување врз филмот. Филмскиот режисер, исто така, може да биде избран и од страна на продуцентот на самото дело. Во овој случај, продуцентот има право на вето врз она што не му се допаѓа при режирањето на филмот, бидејќи е работен според неговото сценарио.
При режирање на поединечни епизоди за некое телевизиско шоу, одговорноста на режисерот е некако намалена, поради причината дека видливиот изглед на ТВ-сериите веќе е поставен, најчесто преку творецот на шоуто, извршниот продуцент, или само продуцентот.[2]
Во однос на половата еднаквост, слободно може да се каже дека филмската режија претставува машка професија. Првата жена режисер што ја освоила наградата „Оскар“ за режија била Кетрин Бигелоу, во 2010 година. Според анкетата на Центарот за истражување на работата на жените во телевизиската и во филмската индустрија, само 7 % од 250-те најисплатливи филмови во 2014 година биле режирани од жени.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ drmj
- ↑ Karl French (2006-08-27). „Seeing the director's point of view“. Financial Times.
- ↑ „Жените се најчесто пред камерите, ретко која седнува на режисерското столче“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 22.
|