Телевизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ТВ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Телевизија
Braun HF 1.jpg
ИзумителФило Фарнсворт
Владимир Зворикин
Џон Логи Берд
Излегол1923
Достапен?Ширум светот

Телевизија е насекаде познат телекомуникациски медиум за испраќање (емитување) и примање слики, тие можат да бидат и монохроматски („црно бели“/еднобојни) или во боја, обично овиее слики се придружени со звук. „Телевизија“ може да се однесува и на направата која се користи за гледање телевизија, телевизорот. Зборот доаѓа од помешано латински и грчки, што значи „далекувид“: грчки tele (τλε), далеку, и латински visio, вид (од видео, vis- да видиш или да видиш во прво лице).

Постои аналогна и дигитална телевизија.

Историја на телевизијата[уреди | уреди извор]

  • 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот Паул Нипков (1860-1940). Ротирачкиот диск претходно е во катодна цевка.
  • 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар Карл фердинанд Браун (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
  • 1926 г.-Џон Логи Берд (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
  • 1929 г.-ББЦ (Бритиш Броадкестинг Корпорејшн) во доцните ноќни часови ги емитува 30-линиските слики на Берд.
  • 1930 г.-Звукот е додаден на сликите на Берд.
  • 1932 г.-Првата практична телевизиска камера ја прикажал Американецот со руско потекло Владимир Козма Зворикин (1889-1982). За разлика од Бердовата механичка, неговата била во целост електронска.
  • 1950 г.-Телевизија во боја воспоставува американската компанија CBS.
  • 1954 г.-Основана е Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа.
  • 1960-1961 г.-Целосно транзисторирана телевизија првпат е воведена во САД.
  • 1962 г.-Први прекуокеански слики се пренесени во живо преку комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА.
  • 1970 г.-Директен пренос од сателит со висока телевизиска дефиниција (HDTV) го оствари јапонската телевизиска мрежа NHK.
  • 1973 г.-Кифекс, информативен систем кој се служи со резервни линии од 625-линискиот телевизиски систем (телетекст) воспоставен е во Британија.
  • 1979 г.-Прв редовен систем за емитување преку сателит (DBS) е воведен во Канада. За прием на емисии потребна е антена.
  • 1979 г.-Џепен телевизор е изум на јапонската компанија Мацушита. Телевизорот не е поголем од видео-касета.
  • 1980 г.-CNN (кабловска мрежа за вести) званично почнала да функционира од јуни. Оваа американска ТВ станица преку сателит праќа непосредни извештаи од кризните подрачја во светот.
  • 1981 г.-Камкордер револуционерно го менува телевизиското новинарство.
  • 1991 г.-Хај-вижн, телевизија со висока дефиниција, осум часа на ден ја емитува јапонската NHK.
  • 1999 г.-Дигиталната ТВ овозможува значително зголемување на бројот на канали.

Social aspects and effects on children Main article: Social aspects of television

Улога во социјализацијата и промени кај децата[уреди | уреди извор]

Телевизијата изигра важна улога во социјализацијата во 20-тиот и 21-виот век. Има многу истражувања во кои телевизијата е внесена како причина , вклучувајќи го насилството предизвикано од содржината на медиумите.

Промени кај околината[уреди | уреди извор]

Во време кога старите CRT телевизори содржат големо количество на олово , додека новите LCD и плазма телевизори содржат жива , има голема загриженост за отпадот од отфрлените вакви уреди но и зголемената потребна од електрична енергија.

Телевизијата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Филм на телевизија“ - расказ на српскиот писател Давид Албахари.[1]
  • „Последниот канал“ (L'ultimo canale) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
  • „ТВ-око“ (T.V. Eye) - песна на американската рок-група „Стуџис“ (The Stooges) од 1970 година.[3]
  • „Тоа го видов на телевизија“ (I Saw It on T.V.) - песна на американскиот рок-пејач Џон Фогерти (John Fogerty) од 1985 година.[4]
  • „Телевизиски човек“ (Television Man) - песна на американската рок-група „Токинг хедс“ (Talking Heads) од 1985 година.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 125-131.
  2. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 113-119.
  3. DISCOGS, The Stooges ‎– Fun House (пристапено на 9.7.2019)
  4. YouTube, John Fogerty Centerfield Full album vinyl LP (Original release, including Zanz Kant Danz) (пристапено на 5.7.2017)
  5. Talking Heads, Little Creatures, Cai 9144, Jugoton.