Марчело Мастројани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марчело Мастројани
OMRI
Марчело Мастројани во 1991 година
Роден(а) Marcello Vincenzo Domenico Mastroianni
28 септември 1924(1924-09-28)
Фонтана Лири, Лацио, Италија
Починал(а) 19 декември 1996(1996-12-19) (воз. 72 г.)
Париз, Франција
Занимање актер
Активен период 1938–1996
Сопружник Флора Карабела (в. 1950)
Деца 2, вклучувајќи ја Кјара Мастројани
Роднини Руџеро Мастројани (брат)

Марчело Винченцо Доменико Мастројани (28 септември 1924 - 19 декември 1996) — италијански актер. Заедно со Алберто Сорди, Уго Тоњаци, Виторио Гасман и Нино Манфреди ја сочинуваат италијанската комедија. Со двете ремек-дела на Федерико Фелини, „Сладок живот“ (1960), „8 и 1/2“ (1963) го потврдил успехот на својата кариера.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мастројани бил роден во 1924 во Фонатана Лири на Апенините, во округот Фрозиноне, Лацио, а пораснал во Торино и Рим. Бил син на Ида и Отон Мастројани, кои држеле продавница за столарија.[1] Бил внук на скулпторот Умберто Мастројани. Во текот на Втората светска војна, по поделбата на Италија, тој бил одведен во германски логор, од каде избегал и се скрил во Венеција.

Неговиот брат Руџеро Мастројани бил филмски уредник, кој работел на многу од филмовите на братот, и глумел заедно со Марчело во Scipione detto anche l'Africano.

Кариера[уреди | уреди извор]

Мастројани во 1954 година
Мастројани (десно) и Федерико Фелини во 1990 година

Мастројани дебитирал на филмот Марионета во 1939 година, кога имал четиринаесет години, а прва вистинска улога имал во филмот Atto d'accusa (Обвинување) во 1951 година. Во наредните десет години станал меѓународно познат. Глумел во Големиот договор на улицата Мадона (1958); и во филмот на Федерико Фелини Сладок живот заедно со Анита Екберг во 1960 година, каде игра улога на разочаран и самоуништувачки таблоиден колумнист, кој ги минува деновите и ноќите истражувајќи го високот друштво во Рим. Мастројани потоа глумел и во филмот 8 1/2 исто така на Фелини, во 1963 година.

Меѓу другите филмови во кои имал значајна улога се: Денови на љубов (1954) со Марина Влади; La Notte (1961) со Жана Моро; Штета што е лоша (1954), Среќа е да се биде жена (1956), Вчера, денес и утре (1963), Брак на италијански начин (1964), Сончоглед (1970), Жената на проповедникот (1971), Посебен ден (1977) и во филмот на Роберт Алтман Висока мода (1994) – заедно со Софија Лорен.

Соработувал со следните режисери и глумци: со Лучино Висконти во Бели ноќи (1957); со Пјетро Герми во Развод на италијански начин (1961); Семеен дневник (1962) со Жак Перин; Приватна афера (1962) со Брижит Бардо; со Марио Моничели во Казанова 70 (1965); Дијаманти за појадок (1968) со Рита Ташингем; Пица триангл (1970) со Моника Вити; Масакр во Рим (1973) со Ричард Бартон; Неделна жена (1975) со Жаклин Бисет; Остани каква што си (1978) со Настасија Кински; со Фелини во Град на жени (1980) и Џинџер и Фред (1986); со Марко Белоко во Хенри IV (1984); Макарони (1985) со Џек Лемон; со Никита Михалков во филмот Црни очи (1987); со Џузепе Торнаторе во Сите се добро (1990); во Искористени луѓе (1992) со Ширли Меклејн; и со Агнес Варда во филмот Илјада и една ноќ (1995).

Трипати бил номиниран за Оскар за најдобар глумец: за филмовите Развод на италијански начин, Посебен ден и Црни очи. Мастројани, Дин Стоквел и Џек Лемон се единствените актери кои двапати ја добиле наградата за најдобар актер што се доделува на Канскиот филмски фестивал. Мастројани ја добил за улога во филмовите: Пица триангл и Црни очи.

Марчело Мастројани глумел заедно со својата ќерка Кјара Мастројани во филмот Три животи и една смрт од 1996 година. За оваа улога добил сребрена награда на меѓународниот филмски фестивал „Ft. Lauderdale“. неговиот последен филм бил прикажан постхумно, Патување до почетокот на светот, во 1997 година.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Мастројани се оженил со Флора Карабела (1926–1999) на 12 август 1950 година.[2] Имале една ќерка, Барбара (родена на 2 декември 1951 година), но се развеле поради неговите афери со помлади жени.[2] По разводот, првата сериозна врска на Мастројани била со Феј Данавеј, со која играл во филмот Место за љубовници (1968). Данавеј сакала брак и деца, но Мастројани бидејќи бил католик, не сакал да се разведе од Карабела.[2] Во 1971 година, по три години чекање Мастројани да го смени мислењето, Данавеј го оставила.[2] Decades later, Dunaway said: "I wish to this day it had worked out."[3]

Марчело Мастројани имал и втора ќерка, актерката Кјара Мастројани (родена на 28 мај 1972), со француската актерка Кетрин Денев, која била помлада од него речиси 20 години и која живеела со него четири години во 1970-те години. Во текот на тие четири години, тие како пар снимиле заедно четири филма: Тоа се случува само на другите (1971), Лиза (1972), Малку бремен човек (1973) и Не допирај бела жена! (1974). Откако Мастројани и Денев раскинале, Карабела понудила да ја посвои нивната ќерка Кјара, бидејќи нејзините родители поради работа често не се дома. Денев не се согласила.[4]

Според списанието Пипл, меѓу другите љубовници на Мастројани се глумиците: Анук Еме, Урсула Андрес, Клаудија Кардинале и Лорен Хатон.[2] Во 1976 година, тој живеел со Ана Марија Тато, со која останал до својата смрт.[2]

Мастројани умрел од рак на панкреасот на 19 декември 1996 година, на возраст од 72 години.[5][6] Неговите две ќерки, Катрин Денев и Тато биле крај неговата постела.[2] Фонтаната Треви во Рим била симболично изгасната и покриена во црно во негова чест, бидејќи била поврзана со него поради улогата во филмот на Фелини Сладок живот.[6][7]

На Венецијанскиот филмски фестивал во 1997 година, Кјара, Карабела и Денев се обиделе да го забранат прикажувањето на филмот на Тато, четиричасовен документарец Марчело Мастројани: Се сеќавам.[8] Но, не успеале и филмот бил прикажан.[8] Трите жени се обиделе да го сторат истото и на Канскиот филмски фестивал.[8] Тато изјавила дека Мастројани ѝ ги дал правата за тој филм.[8]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Награда
1939 Марионете екстра
1942 Една љубовна приказна екстра
1944 Децата нè гледаат екстра
1948 I Miserabili Револуционер
1949 Vertigine d'amore
Vent'anni
1950 Недела во август Ерколе Нарди
Против законот Марчело Курти
Срциња на море Масимо Фалчети
Кучешки живот Карло Данеси
1951 Обвинување Ренато ла Торе
Приказна на пет градови Алдо Мазети
Париз е секогаш Париз Марчело Вентури
1952 Три девојки од Рим Марчело Сартори
Вечен синџир Валтер Рончи
Трагично враќање Марко
Босоног дивјак Карло Сантори
Црни пердуви Пјетро Цосути
Неделни херои Карло Вагнети
Немиот од Портичи екстра
1953 Лулу Солети
Il viale della speranza Марио
Желни да живеат Даниел
Никогаш не е доцна Рикардо
La valigia dei sogni
1954 Хроника на лоши љубовници Уго
Парче живот сопруг на Марија
Роб на гревот Џулијо Франчи
Денови на љубов Паскал Дропио Сребрена лента за најдобар актер
Casa Ricordi Гаетано Доницети
Островска принцеза Дон Диего
1955 Штета што е лоша Паоло Златна Грола за најдобар актер
Там там од Мајумба Алесандрини
Убавата жена на Милер Лука
1956 Среќа е да се биде жена Корадо Бети Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Бигамист марио де Сантис
1957 Татковци и синови Чезаре
Песок, љубов и сол Пјеро
Најдобриот момент Пјетро Валери
Бели ноќи Марио Сребрена лента за најдобар актер
Доктор и исцелител доктор Франческо Марчети
1958 Парче небо Северино Балестра
Голема зделка на улицата Мадона Тиберио
Девојки за летото марчело Мацони Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Љубов и маки Франко
1959 Законот Енрико Тосо
Непријателот на мојата сопруга Марко Торнабуни
Сите се заљубени Џовани
Фернандо I, крал на Неапол Генарио
1960 Сладок живот Марчело Рубини Сребрена лента за најдобар актер
Il bell'Antonio Антонио Мањано Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Адуа и пријателите Пјер Салвани
1961 La notte Џовани Понтано
Убиец Алфредо Мартели
Духовите на Рим Реџиналдо
Развод на италијански начин Фернандо (Фефе) Кефалу Златен глобус за најдобар актер
БАФТА за најдобар актер во главна улога
Сребрена лента за најдобар актер
Номиниран – Оскар за најдобар глумец
1962 Приватна афера Фабио Риналди
Семеен дневник Енрико Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
1963 8 1/2 Гвидо Анселми Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Организер професор Синигаглија
Вчера, денес и утре Кармине Сбарати БАФТА за најдобар актер во главна улога
Давид ди Донатело, награда за најдобар актер
1964 Брак на италијански начин Доменико Сориано Давид ди Донатело, награда за најдобар актер
Златен глобус
Номиниран – Златен глобус за најдобар актер
Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
1965 Казанова 70 Маџоре Коломбети Филмски фестивал во Сан Себастијан, најдобар актер
Десеттата жртва Марчело Полети Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Маж, жена и пари Марио / Микеле
Разделба Марио
1966 Јас, јас, јас ... и другите Пепино Мараси Номиниран – Златен глобус награда Хенриета , омилен актер
И афионот е цвеќе инспектор Моска
Викни посилно, не те разбирам Алберто Сапорито
1967 Странец Артур Мерсо
Духови на италијански начин дух
1968 Дијаманти за појадок Големиот војвода Николај Владимирович Годунов
Место за љубовници Валерио
1970 Пица триангл Орест Нарди Кански филмски фестивал за најдобар актер
Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Сончоглед Антонио
Последниот Лео Лео
Воајер Сандро
Жената на свештеникот Дон Марио
1971 Сципио Африканецот Сципио
Тоа се случува само на други Марчело
Јас се викам Роко Папалео Роко Папалео
1972 1870 Августо Паренти
Лиза Џорџо
Што? Алекс
1973 Валкан викенд Џулио Борси
Големо бифе Марчело
Малку бремен маж Марко Мазети
Масакр во Рим отец Пјетро Антонели
Поздрав до актерот Николас Монтеи
1974 Не допирај бела жена Џорџ Кастер
Allonsanfàn Фулвио Имбријани
1975 Секси сад Чарли Колето
По древните скали надолу професор Бонакорси
Божествената нимфа Микеле Бара
Неделна жена Салваторе Сантамарија Италијански Златен глобус, награда за најдобар актер
1976 Todo modo Дон Гаетано
Добра ноќ, дами и господа Паоло Т. Фиуме
Лудаци и љубовници маркиз Лука Марија
1977 Посебен ден Габриеле Италијански Златен глобус, награда за најдобар актер
награда златна грола за најдобар актер
номиниран – Оскар за најдобар актер
Номиниран – Златен глобус за најдобар актер
Жена љубовница Луиџи де Ангелис
Двојно убиство Бруно Балдазаре
1978 Довидување мајмуне Луиџи Нокело
Остани како што си Џулио Маренго
Крвна караница Росарио Марија Спалоне
1979 Сообраќаен метеж Марко Монтефочи
Неаполска мистерија Рафаел Капесе
1980 Тераса Луиџи
Град на жени Снапораз
1981 Дух на љубовта Нино Монти
Кожа Курцио Малапарте
1982 Ноќ во Варенес Казанова Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Зад вратата Енрико Соми
Последниот хорор филм себе си
1983 Приказната на Пиера Лоренцо Награда „Свети Ѓорѓи“ за најдобра изведба во странски филм
Габриела, каранфил и цимет Насиб
Генералот на мртвата војска генерла Ариосто
1984 Хенри IV Хенри IV Италијански Златен глобус за најдобар актер
1985 Двата живота на Матија Паскал Матија Паскал
Макарони Антонио Џазиело Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Голема зделка по 20 години
1986 Џинџер и Фред Пипо Ботичела (Фред) Награда за најдобар актер Давид ди Донатело
Италијански Златен глобус за најдобар актер
Сребрена лента за најдобар актер
Награда „Свети Ѓорѓи“ за најдобра изведба во странски филм
Пчеларот Спирос
1987 Црни очи Романо Кански филмски фестивал награда за најдобар актер
Награда за најдобар актер Давид ди Донатело
Сребрена лента за најдобар актер
Номиниран – Оскар за најдобар глумец
Интервју себе си
1988 Мис Аризона Рожнај Шандор
1989 Сјај Јордан
Колку е часот? Марчело Венецијански филмски фестивал – најдобар актер
Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
1990 Сите се добро Матео Скуро
Кон вечер професор Бруши Италијански Златен глобус за најдобар актер
Сребрена лента за најдобар актер
1991 Суспендираниот чекор на штркот политичар
Деца крадци Бигуа
Убава романса Цезаре Грималди
1992 Искористени луѓе Џо Меледандри Номиниран – Златен глобус за најдобар актер во комедија
1993 Не сакам да зборувам за тоа Лудовик Д'Андреа
1, 2, 3, сонце Константин Ласпада Венецијански филмски фестивал – најдобар актер во споредна улога
1994 Висока мода Сергеј Национален совет на филмски критичари на САД, награда за најдобра глума како група
Вистинскиот живот на Антонио Х. себе си
1995 Илјада и една ноќ пријател Италијанец
Состиене Переира Переира Награда за најдобар актер Давид ди Донатело
Номиниран – Сребрена лента за најдобар актер
Зад облаците Сите гласови
1996 Три животи и една смрт Матео Страно / Георгес Викерс / батлер / Лук Аламанд Сребрен бран, награда на Форт Лодердејл
1997 Патување до почетокот на светот Маноел (последен филм), објавен постхумно

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rothe, Anne; Maxine Block; Charles Moritz; Marjorie Dent Candee (1958). Current Biography Yearbook. Hw Wilson Co.. стр. 261. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Castro, Peter (13 јануари 1997). „Lover and Legend“. People magazine. http://www.people.com/people/archive/article/0,,20143221,00.html. посет. 1 јануари 2010 г. 
  3. http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-1351253/Will-Faye-Dunaway-EVER-final-close-up.html
  4. Mary Hemingway Keeps In Touch. St. Petersburg Independent.
  5. Marcello Mastroianni, known as 'Latin Lover,' dies“, CNN, 19 декември 1996 (посет. 1 јануари 2010 г).
  6. 6,0 6,1 Actor dies at age 72“, „The News (Boca Raton, Florida)“, 20 декември 1996, стр. 4A (посет. 1 јануари 2010 г).[мртва врска]
  7. Wiegand, Christopher. Federico Fellini: ringmaster of dreams, 1920–1993. стр. 83. ISBN 978-3-8228-1590-8. https://books.google.com/books?id=M5ypTi3n0X0C&pg=PA83. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Family Feud“, The Southeast Missourian, 30 август 1997 (посет. 1 јануари 2010 г).