Жана Моро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жана Моро
Jeanne Moreau
Моро во 1991 година
Роден(а)23 јануари 1928(1928-01-23)
Париз, Франција
Починал(а)31 јули 2017(2017-07-31) (возр. 89)
Париз, Франција
ЗанимањеГлумица, сценаристка, режисерка
Активен период1947–2015
СопружникЖан-Луј Ришар (1949–раздвоени 1951; разведени 1964) 1 син Жером
Теодоро Рубанис (м.1966)
Вилијам Фридкин (1977–1979)

Жана Моро (француски: Jeanne Moreau), (Париз, 23 јануари 1928Париз, 31 јули 2017) – француска филмска и театарска глумица и режисерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Жана Моро е родена во Париз во семејство со француско-англиско-ирско потекло. Мајка ѝ, Англичанка родум од Ланкашир, била танчерка во „Фоли бержер“. Жана Моро во младоста студира на парискиот конзерваториум. Во 1947 година дебитира на театарската цена на Авињонскиот фестивал, и веќе во своите дваесетти години е една од водечките глумици во Комеди франсез. После 1951 година глуми епизодни улоги на филм, и кон крајот на 1950-тите соработува со реномирани режисери, особено со Луј Мал во филмовите „Лифт за на губилиште“ (1958), „Љубовници“ (1959), после што медиумите ја прогласуваат за нова Брижит Бардо. Благодарение на постигнатиот успех, следните години соработува со низа режисери од францускиот нов бран, како Франсоа Трифо во филмот „Жил и Џим“ (1962), кој се смета за еден од нејзините најзначајни улоги.

Жана Моро и Жилиет Бинош

Исто така се истакнуваат нејзините улоги во филмовите „Ноќ“ (1961) од Микеланџело Антониони, „Фалстаф“ (1965) од Орсон Велс, „Дневникот на една собарка“ (1964) од Луис Буњуел, „Последниот тајкун“ (1976) од Елија Казан, „Кавга“ од Рајнер Вернер Фасбиндер и „До крајот на светот“ (1991) од Вим Вендерс. Освен со глума, се занимава и со филмска режија, продукција и пишување сценарија. Како музичарка објавила неколку албуми, а еднаш настапила со Френк Синатра на сцената на „Карнеџи хол“ во Њујорк.

Жана Моро била пријателка на истакнатите писатели и уметници Жан Кокто, Жан Жене, Хенри Милер и Маргерит Дирас. Била блиска пријателка со Шерон Стоун. Орсон Велс своевремено ја нарекол една од најзначајните глумици на светот.

Избрана филмографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]