Вим Вендерс
Вим Вендерс | |
---|---|
Вим Вендерс (2008) | |
Роден(а) | Ернст Вилхем Вендерс 14 август 1945 Диселдорф, Рајнска област, Сојузничка окупирана Германија |
Занимање | Филмски режисер |
Сопружник | Еда Кул (1968–74) Лиза Кројцер (1974–78) Рони Блекли (1979–81) Изабел Вајнгартен (1981–82) Доната Вендерс (1993–) |
Награди | Златен лав за Како Стојат Работите (1982) Златна Палма for Парис Тексас (1984) Кански филмски фестивал Гранд Џури Прајс за Далеку, Толку Блиску! (1993) Сребрена Мечка for Хотел од милион долари (филм) (2000) |
Страница www.wim-wenders.com |
Ернст Вилхем „Вим“ Вендерс (изговор на германски: [vɪm vɛndəɐs]; роден на 14 август 1945) — германски филмски режисер, драмски писател, автор, фотограф и филмски продуцент. Од 1996, Вендерс е претседател на Европската Филмска Академија во Берлин.
Животопис
[уреди | уреди извор]Вендерс е роден во Диселдорф во традиционално католичко семјество. Неговиот татко Хајнрих Вендерс бил хирург. Употребата на холандското име „Вим“ (кратенка од неговото крстено име „Вилхем/Вилем“) укажува на холандското потекло на неговата мајка, но надлежните во матичното одделение ја одбиле холандската верзија во 1945, затоа што била „негерманска“. Тој завршил средно училиште во Оберхаузен во областа Рур. Подоцна студира медицина (1963-64) и филозофија (1964-65) во Фрајбург и Диселдорф. Меѓутоа тој ги напушта студиите и се сели во Париз во октомври 1966 за да стане сликар. Виндерс не го положува приемниот тест на француската филмска школа (сега, Ла Феми), и како последица на тоа работи како резбар во студиото на американскиот уметник, Џони Фрајдлендер, во Монпарнас. Во текот на тој период Вендерс се фасцинира од филмот и гледа по пет филмови дневно во локалното кино.
Вендерс се враќа во Германија во 1967 и работи во канцеларијата на во Диселдорф, решен да ја претвори својата опсесија во професија. Таа есен тој е примен на "Hochschule für Fernsehen und Film München" (Филмски и Телевизиски Универзитет Минхен). Помеѓу 1967 и 1979 додека студира на "HFF", Вендерс истовремено работи како филмски критичар за Филмкритик, а потоа за дневниот весник Süddeutsche Zeitung, списанието Twen и Der Spiegel.
Вендерс завршува неколку краткометражни филмови, пред да дипломира од Hochschule со долгомтражниот 16мм црно-бел филм, Лето во Градот (Summer In The City).
Кариера
[уреди | уреди извор]Вендерс ја започнува својата кариера за време на ерата на новиот германски филм во доцните 1960-ти, со неговиот дебитантски игран филм „Лето во градот“ (1970). Карактеристичната кинематографија во неговите филмови се должи на високо продуктивната соработка со холандскиот кинематограф Роби Милер, а некои од неговите поуспешни филмови, како на пример, „Париз, Тексас“ и „Небото над Берлин“ се резултат на плодната соработка со сценаристи Петер Хандке и Сем Шепард. Исто така, вториот филм на Вендерс претставува екранизација на романот на Хандке, „Стравот на голманот од пенал“. Хандке ги напишал и сценаријата за „Небото над Берлин“ и „До крајот на светот“, заедно со Солвеиг Домартин.
Вендерс режирал неколку високорангирани документарни филмови, и тоа: „Буена Виста Соушал Клаб“ (1999), за кубанските музичари и „Душата на човекот“ (2003), за американскиот блуз. Тој има, исто така, режирано голем број на музички видеа за групите: „U2“ и „Токинг Хедс“, меѓу кои „Stay Faraway, So Close!“ и „Sax and Violins“. Најпосле, тој работел и на телевизиски реклами, меѓу кои и за канадското пиво „Карлинг“.
Вендерсовата книга „Емоционални слики“ (Emotion Pictures) претставува колекција на есеи од неговиот дневник, напишана додека бил филмски судент, која е адаптирана и емитувана како низа драми на Би-Би-Си Радио 3. Ликот на Вендерс го игра Питер Капалди, а останатите улоги ги толкуваат: Џина Меки, Саскија Ривс, Денис Хупер, Хари Дин Стантон и Рики Томлинсон, а драматург е Нил Карџил. Вендерс соработува со Мелинда Камбер Портер уметница, новинарка и долгогодишна негова пријатека, на документарен филм за неговата техника на на работење „Вим Вендерс - Визии за Филм“, но Портер починала, така што филмот останал незавршен.
Вендерс е член на советодавниот одбор на Светската Филмска Фондација, проект основан од Мартин Скорсезе со цел да открива и реконструира светски филмови кои биле запоставени долго време. Исто така, Вендерс е член на жири-комисијата на дигиталното студио „Филмака“ - платформа на неоткриени режисери.
Во 2011 Фестивалот Бајројт (Bayreuth Festival) го назначува Вендерс да постави на сцена 2013 циклуси на Вагнеровиот „Прстен на Нибелунзите“. Тоа е доказ за неговата имагинација во оддавање чест на големите уметнички дела. Проектот го доживеа својот неуспех кога Вендерс инсистираше на снимање во 3-D, што за фамилијата Вагнер беше прескапо и подривачки.
На промоцијата на неговиот 3D танцувачки филм, Пина, Вендерс изјавува на блогот на Документари Ченл во декември 2011 дека почнал да работи на нов 3D документарец за архитектура. Тој исто така тврди дека одсега ќе работи исклучиво во 3D формат. Вендерс и се восхитува на кореографката Пина Бауш од 1985, но еднинствено во изумувањето на дигиталната 3D кинематографија, тој препознава можност да го долови нејзиното дело на екран.
Одбрани изложби
[уреди | уреди извор]- 2012
Вим Вендерс: Фотографии од Површината на Земјата, Музеј на Мултимедиска Уметност, Москва.
- 2006
Вим Вендерс: Immagini dal pianeta terra, Scuderie del Quirinale, Рим, Италија; Патување до Ономиши-Фотографии од Вим и Доната Вендерс, Омотсано Хилс, Токио, Јапонија; Фотографии од Површинат на Земјата, фотографии од патувачка изложва, Салон во Музејот на Современа Уметност, Белград, Србија; Темни Места, куратор Џошуа Дектер, Музеј на Уметност Санта Моника, Санта Моника, Калифорнија.
- 2005
Шумата: Политика, Поетика и Пракса, Музеј за Уметност Нашер на Универзитетот Дјук, Дурам, Северна Каролина; Преку Леќата, групна изложба, Галерија К.Грималдис,Балтимор, Мериленд .
- 2004-5
Фотографии од Површината на Земјата АРоС, Музеј на уметноста во Орхус, Орхус Ц, Данска.
- 2004
Фотографии од Површината на Земјата, Австралија и Јапонија, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Меѓу Редовите, групна изложба, Галерија Џејмс Коан, Њујорк Фотографии на Време и Место: Современи Погледи на Пејзажот, групна изложба, Уметничка Галерија Леман Колеџ, Бронкс, Њујорк; Вим Вендерс,Галерија Марабини, Болоња, Италија; Преку Леќата: Осум Фотографи, групна изложба, К.Грималдис,Балтимор, Мериленд.
- 2003
Вим Вендерс, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Вим Вендерс, Галерија Жидин Бело, Цирих, Швајцарија.
- 2000-2004
Фотографии од Површината на Земјата, патувачка изложба:Хамбургер Бахнхоф, Берлин (2001); Музеј Гугнјам, Билбао (2002); Хонч оф Венисон, Лондон (2003); Музеј на Современа Уметност, Сиднеј(2003); Сити Арт Галери, Велингтон, Нов Зеланд; Музеј на Милениумска Уметност, Пекинг, Кина; Музеј на Уметноста Шангај, Шангај, Кина; Музеј на Уметноста Гуандонг, Гуангжу, Кина (2004).
- 2000
Буена Виста Соушал Клаб, Роуз Галерија, Станица Бергамот, Санта Моника, Калифорнија.
- 1996
Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата фотографија, Санта Моника Вим Вендерс: Слики, во врска со објавувањето, Вим Вендерс: Фотографии, Минхен Гете-институт (1996), Гете институти во светот.
- 1995
Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата Фотографија, Санта Моника, Калифорнија 1993-1995 Вим Вендерс Изложба на фотографии, во врска со објавувањето, Минхен, Еднаш: Ширмер/Мозел (2001), Патувачката изложба: Палацо деле Еспозициони, Рим (1993); Вила Деле Росе, Болоња (1994); ФНАЦ, Париз (1994); Парк,Токио (1994); ФНАЦ, Берлин (1995); Вила Руфоло, Равело (1995).
- 1989-1994
Вим Вендерс Фотографии, патувачка изложба: Галерија Ф. Ц. Гундлах, Хамбург (1989); Галери Мари-Луиз Вирт, Цирих (1990); Средно Училиште за Телевизија и Филм, Минхен (1991); Галерија Фоли / Клајн, Лос Анџелес (1991) ; Шибуа Себиу Департмент Стор, Токио (1992); Кјомицу.
- 1989-1994
Храм, Кјото (1992); музејот на Елисе, Лозана (1992); Америка Куќа, Берлин (1992); Венециското биенале (1993); Музејот на модерна уметност Луизијана, Хумлабек (1993); Сала Парпало Палау Дел Скала, Валенсија (1994), Музеј Сан Телмо, Сан Себастијан (1994).
- 1986-1992
Напишано во Западот, во врска со објавувањето, Напишано во Западот, Минхен: Ширмер/Мозел (1987), патувачка изложба: Центарот Жорж Помпиду, Париз (1986); Енконтрос де Фотографија, Коимбра (1987); Палацо дела Триенале ди Милано (1988); Филмско Друштво на Мајами (1988); Гете институтот, Стокхолм (1988), Гете институтот, Копенхаген (1988); Сен Ирие-Ла-Перш (1990); Städtische Galerie Schwarzes Kloster, Фрајбург (Брајсгау) ( 1992).
Наследство и почести
[уреди | уреди извор]Вендерс веќе има добиено повеќе филмски награди, како:
- „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, за филмот „Како одат нештата“ (1982)
- „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, за филмот „Париз, Тексас“ (1984)
- Баварската филмска награда за најдобра режија, за филмот „Небото над Берлин“ (1987)
- Наградата на Канскиот филмски фестивал за најдобра режија, за филмот „Небото над Берлин“ (1987)
- Баварската филмска награда за најдобра режија, за филмот „Далеку, толку блиску!“ (1993)
- Наградата за „Најдобар во филм“ на Меѓународниот филмски фестивал во Манхајм-Хајделберг (2004)
- „Леопард на честа“ на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно (2005)
Покрај тоа, во 2012 година, неговиот танцувачки филм „Пина“ бил номиниран на 84. доделување на наградите „Оскар“, во категоријата за најдобар документарен филм.
Најпосле, Вендерс е носител на почесен докторат на два универзитета: „Сорбона“ во Париз (1989) и Католичкиот универзитет во Лувен (2005).
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Германски наслов | Кратка Содржина |
1970 | Лето Во Градот | Прв игран филм (Посветен на Д’Кинкс) | |
1972 | Стравот на голманот од пенал | Die Angst des Tormanns beim Elfmeter | Адаптација на романот од Петер Хандке |
1973 | Скерлетната буква | Der Scharlachrote Buchstabe | Адаптиран од романот на Натаниел Хоторн |
1974 | Алиса во градовите | Alice in den Städten | Прв дел од триологијата „Road Movie“ |
1975 | Погрешен потег | Falsche Bewegung | Втор дел од триологијата „Road Movie“, со Настасија Кински |
1976 | Кралеви на патот | Im Lauf der Zeit | Трет дел од триологијата „Road Movie“ |
1977 | Американскиот пријател | Der Amerikanische Freund | Адаптација на романот на Патриша Хајсмит „Риплиевата игра“ |
1980 | Грмотевица над вода | Документарен филм за последните денови на Николас Реј | |
1982 | Хамет | Измислена приказна за Дашиел Хамет, американски писател, врз основа на романот на Џо Горс | |
1982 | Соба 666 | Chambre 666 | Кратки документарни интервјуа на режисерите: Стивен Спилберг, Жан-Лик Годар, и Рајнер Вернер Фасбиндер за иднината на филмот. Филмот е снимен во Кан. |
1982 | Обратен агол | Краток филм за Вендерсовите спорови со Копола при снимањето на Хамет | |
1982 | Како Стојат Работите | Stand der Dinge | |
1984 | Париз, Тексас | ||
1985 | Токио-Га | Документарен филм за јапонскиот режисер Јасујиро Оѕу | |
1987 | Небото над Берлин | Der Himmel über Berlin | Напишан со Петер Хандке. Еден ангел-чувар е во искушение да копнее по човековите искуства над бесмртноста на отпадникот. |
1989 | Тетратка за градови и облека | Aufzeichnungen zu Kleidern und Städten | Документарен филм за јапонскиот моден творец Јоши Јамамото.. |
1990 | Red Hot + Blue | Музички спот за „Ноќ и ден“, во изведба на U2 | |
1991 | До крајот на светот | Bis ans Ende der Welt | |
1992 | Ариша, мечката и камениот прстен | Arisha, der Bär und der steinerne Ring | |
1993 | Далеку, толку блиску! | In weiter Ferne, so nah! | Продолжение на Небото над Берлин |
1994 | Лисабонска приказна | Продолжение на Како стојат работите] | |
1995 | Над облаците | Jenseits der Wolken | (со Микеланџело Антониони) |
1995 | Браќата Складановски | Die Gebrüder Skladanowsky | |
1997 | Крај на насилството | ||
1998 | Вили Нелсон во Театаро | ||
1999 | Буена Виста Соушал Клаб | Документарен филм за кубанските музичари, со Рaј Кудер | |
2000 | Хотел од милион долари | ||
2001 | Souljacker Прв Дел | Музичко видео за „Souljacker Прв Дел“ од Илс | |
2002 | Ода за Келн: Рокенрол филм | Viel passiert - Der BAP-Film | Документарен филм за келнската група БАП |
2002 | Десет минути постара | Сегмент „Дванаесет милји до Трона“ | |
2003 | Душата на човекот | Документарен филм за блуз музичари | |
2004 | Земја на изобилство | ||
2005 | Кога минатото ќе затропа | ||
2008 | Пукање во Палермо | ||
2011 | Пина | Премиера на Берлинскиот филмски фестивал. (Надвор од конкуренција) |
Одбранa библиографиja
[уреди | уреди извор]- Вендерс, Вим (1984), Париз, Тексас, Нордлиген: Грено, ISBN 978-3-921568-11-8
- Вендерс, Вим (1986), ), Емоционални слики: Одрази на филмот, 1968-1984, Франкфурт: Верлаг Дер Ауторен, ISBN 978-3-88661-078-5
- Вендерс, Вим (1989), Емоционални слики: Одрази на филмот, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-15271-1
- Шепард, Сем; Вендерс, Вим (1991), Париз, Тексас: Screnplay, Њујорк: Еко Прес, ISBN 978-0-88001-266-9
- Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (1992), Логиката на сликите: есеи и разговори, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-16517-9
- Вендерс, Вим; Хандке, Питер (1998), Небо над Берлин: Филмска книга на Вим Вендерс и Питер Хандке (германски), Berlin: Суркамп Верлаг, ISBN 978-3-518-02406-5
- Вендерс, Вим; Вндерс, Доната (2000), Срцето е Заспана Убавица: Хотелот од Милион Долари - книга за филмот, Њујорк: teNeues, ISBN 978-3-8238-5468-5
- Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (2000), Моето време со Антониони: Дневникот на едно невообичаено доживување, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-20076-4
- Вендерс, Вим (2001), Напишано во Запад, Њујорк: teNeues, ISBN 978-3-8238-5469-2
- Вендерс, Вим (2001), Еднаш: слики и приказни, Њујорк: Шример/Мосел, ISBN 978-1-891024-25-2
- Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (2001), За време на филм: есеи и разговори, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-20718-3
- Линдберг, Питер; Вендерс, Вим (2002), Питер Линдберг: приказни, Санта Фе: Арена Едишнс, ISBN 978-1-892041-64-7
- {{Citation|first= Бертхолд |last= Штајнхилбер |first2= Вим |last2= Вендерс |title= Градови-Духови во американскиот запад |year= 2003 |location= Њујорк |publisher= Хари Н. Абрамс
- Вендерс, Вим; Тавада, Јоко (2007), ) Каде што Европа започнува, Њујорк: Њу Дирекшнс Паблишерс, ISBN 978-0-8112-1702-6
Цитати
[уреди | уреди извор]- "Сексот и насилството никогаш не беше во мој стил; јас секогаш бев повеќе по саксофонот, и виолините."
- "Го сметам Одзу за мој најголем гениј на сите времиња."
- "Сакам да правам лични филмови, а не приватни филмови."
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вим Вендерс“ на Ризницата ? |
- Official website
- Wim Wenders на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Senses of Cinema: Great Directors Critical Database Архивирано на 23 септември 2009 г.
- filmportal.de including biography, filmography and photos
- Wenders Bibliography (via UC Berkeley)
- Wim Wenders Interview (portuguese subtitles; Flash/HTML5)
- Interview with Wim Wenders (in three parts; Flash/HTML5)
- Interview with Wim Wenders Архивирано на 3 април 2013 г. (германски)
- CNN interview with Wim Wenders
- Wim Wenders's Cinématon - A 4 minutes portrait by Gérard Courant (1982) (Flash)