Хотел од милион долари (филм)
„Хотел од милион долари“ (англиски: The Million Dollar Hotel) е игран филм од 2000 година, во режија на германски режисер Вим Вендерс. Главните улоги во филмот ги играат: Џереми Дејвис, Мила Јовович, Мел Гибсон и Џими Смитс. Приказната врз која е заснован филмот ја напишал пејачот на рок-групата У2 (U2) - Боно Вокс (Bono Vox), додека сценариото го напишале Вендерс, Боно Вокс и Николас Клајн. Музиката за филмот е дело на Боно Вокс, Брајан Ено и Даниел Леноа. Директор на фотографијата е Федон Папамихаел (Phedon Papamichael). Филмот бил награден со „Сребрена мечка“ на Берлинскиот фестивал во 2000 година.[1] [2]
Дејство
[уреди | уреди извор]„Хотел од милион долари“ претставува криминалистичка драма со примеси на комедија. Дејството се одвива во Лос Анџелес во еден хотел во кој живеат пропаднати и сиромашни луѓе со сериозни психички проблеми и со необично однесување. Кога еден од станарите во хотелот, наркоманот Изи, ќе се фрли од покривот на зградата, се открива дека, тој, всушност, е син на богат Евреин. Таткото на Изи не верува дека станува збор за самоубиство и бара полициска истрага. За таа цел, во хотелот пристигнува специјалниот агент на ФБИ Џеј Ди Скинер (го игра Мел Гибсон), кој за свој помошник го одбира Том Том (го игра Џереми Дејвис) - младо момче со ментални проблеми кое е вљубено во проститутката Елоиз (ја игра Мила Јовович). Главни осомничени за смртта на Изи се Индијанецот Џеронимо и Дикси, кој си замислува дека е петтиот член на Битлси.[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Семрежниот архив
- The Million Dollar Hotel на Семрежната филмската база на податоци
- The Million Dollar Hotel на Rotten Tomatoes.
- The Million Dollar Hotel на Box Office Mojo
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Антена, број 747, 19.10.2012, стр. 3.
- ↑ Hotel od milijun dolara, američko-njemačko-britanski film (пристапено на 13.2.2025)
|
- Филмови од 2000 година
- Филмови на англиски јазик
- Американски филмови
- Германски филмови
- Британски филмови
- Филмови на Вим Вендерс
- Филмови со Мила Јовович
- Филмови со Мел Гибсон
- Филмови со Џереми Дејвис
- Филмови со Џими Смитс
- Филмови со Питер Стормер
- Филмови поврзани со убиства
- Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес