Џереми Дејвис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Jeremy Davis Џереми Дејвис
Основни податоци
Родено имеЏереми Клејтон Дејвис
Роден(а)8 февруари 1985(1985-02-08)(39 г.)
Норт Литл Рок, Арканзас, САД
Жанр(ови)Алтернативен рок, поп панк, емо
Занимање/њаМузичар, текстописец
ИнструментиБас, Гитара
Години на активност1996–сега
Мрежно местоParamore.net

Џереми Клејтон Дејвис (анг.Jeremy Clayton Davis; роден 8 февруари 1985) е американски басист кој свири за бендот Paramore.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џереми Дејвис е роден на 8 февруари 1985 година во Норт Литл Рок, Арканзас. Тој моментално е басист за бендот Paramore. Тој свири на бас 14 години.

Во 2002, на возраст од 16 години, тој живеел во Френклин, Тенеси каде што свирел за бенд наречен The Factory, каде што ја сретнал Хејли Вилијамс. Преку Вилијамс, Дејвис се запознал со останатите членови на Paramore, Џош Фаро и Зек Фаро. Во 2005 година, Џон Џеник, основачот на издавачката куќа Fueled by Ramen, потпишал договор со нив.

Дејвис кажал дека неговите омилени бендови се Deftones, Death Cab for Cutie, Thrice, Sigur Rós, Paper Route и Mew.[1]

Paramore[уреди | уреди извор]

Бендот Paramore е основан во Френклин, Тенеси во 2004 година од двајцата браќа, Џош Фаро (водечка гитара/следечки вокал) и Зек Фаро (тапани). Тејлор Јорк бил член на бендот уште од неговото создавање, но неговите родители сакале тој прво да заврши со училиштето. Подоцна, браќата ја прашале Хејли Вилијамс(клавијатура/водечки вокал), а Џереми Дејвис (бас гитара) се приклучил во бендот заедно со Вилијамс. Бендот потпишал договор со издавачката куќа Fueled by Ramen. Подоцна пред бендот да почне да снима песни, Дејвис го напуштил бендот од непознати причини. Во песната All We Know се работи за тој настан. За тоа време, Дејвис го заменил Џон Хембри. Бендот го издал својот прв албум, All We Know Is Falling, и еден EP, The Summer Tic, без Дејвис. Подоцна тој се вратил и бил присутен за време на снимањето на вториот албум на бендот, Riot!. Дејвис исто така свири на албумите во живо The Final Riot! и Live in the UK 2008. Третиот албум на бендот, Brand New Eyes е издаден на 29 септември 2009 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2011-02-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]