Зек Фаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Zac Farro

Зек Фаро

Zac Farro Paramore 8-16-2010.jpg
Основни податоци
Родено име Захари Вејн Фаро
Роден(а) јуни 4 1990 (1990-06-04) (воз. 28 г.) Ворхис, Њу Џерси, САД
Жанр(ови) Алтернативен рок, поп панк, емо
Занимање/ња Музичар, тапанар
Инструмент(и) Тапани, перкусије, гитара, клавијатура,вокал
Години активност 2004–2010
Сродни групи Paramore, Half Noise
Значаен/јни инструмент(и)
Gretsch Drums
Zildjian

Захари Вејн Фаро (анг. Zachary Wayne Farro; роден 4 јуни 1990) е американски музичар, кој е најпознат како тапанар на алтернативниот рок бенд Paramore од неговото основање до 2010 година. Тој е помлад брат на Џош Фаро, водечкиот гитарист на бендот.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Зек Фаро е роден во Ворхис, Њу Џерси, на 4 јуни 1990 година. Тој е средно дете од пет браќа и сестри (Нејт, Џошуа, Џонатан, Изабел и самиот тој) и е од италијанско потекло. Зек почнал да свири на тапани уште кога имал девет години. Џош Фаро преку својот Твитер профил кажал дека неговиот брат, Зек немал профил на Твитер.[1]

Влијанија[уреди | уреди извор]

Некои од омилените бендови на Зек Фаро се: Jimmy Eat World, Radiohead, Death Cab for Cutie, Mew, Paper Route, Sigur Ros, Thrice и Sunny Day Real Estate.[2] На музиката на Фаро влијаеле Дејв Грол, Вилијам Голдсмит и Рајли Брекенриџ. Негови омилени песни за изведување на настапите во живо се "Misery Business", "My Heart" и "For a Pessimist, I'm Pretty Optimistic".

Paramore[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Paramore.

Зек Фаро е еден од основачите на Paramore, кој е формиран во Френклин, Тенеси во 2004 година и го формирале Хејли Вилијамс (главен вокал/клавијатура), неговиот брат, Џош Фаро(водечка гитара/пратечки вокал) и Џереми Дејвис (бас гитара). Џереми Дејвис признал дека не бил сигурен дека бендот ќе биде сфатен сериозно пораси тоа што Зек бил многу мал, сè додека не го видел како свири..[3] Бендот издал три албуми, All We Know Is Falling, Riot! и "Brand New Eyes", а исто така и два албуми во живо, и еден EP албум. "Brand New Eyes", нивниот трет албум бил издаден на 29 септември 2009 година. Во јуни 2009 година во бендот дошол нов член, Тејлор Јорк (ритмичка гитара), кој бил долгогодишен пријател на браќата Фаро и кој претходно изведувал за бендот само за турнеите. На 18 декември, 2010 на официјалната страница на бендот било изјавено дека браќата го напуштиле бендот. [4]

Half Noise[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Half Noise.

Два дена по напуштањето на Paramore, Зек станал член на бендот наречен "Tunnel", кои издавале нова песна наречена "Hide Your Eyes". Дуото се преименувало во "Half Noise", поради тоа што имало друг бенд кој бил наречен "Tunnel". [5] Бендот е составен од Зек Фаро (тапани, вокал) и Џејсон Калрк (гитара, вокал). [6][7][8]

Фаро и Калрк претходно имале основано бенд со Тејлор Јорк и Џош Фаро.

Наводи[уреди | уреди извор]