Тејлор Јорк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Taylor York

Тејлор Јорк

Paramore Taylor York01.jpg
Основни податоци
Родено имеТејлор Бенџамин Јорк
Роден(а)декември 17 1989 (1989-12-17) (29 г.) Нешви, САД
Жанр(ови)Алтернативен рок, поп панк
Занимање/њаМузичар, Гитарист, Текстописец
Инструмент(и)Гитара, Клавијатура, Глокенспил, Перкусије, Тапани, Кларинет
Години активност2001–сега
Сродни групиParamore
Веб-местоParamore.net
Значаен/јни инструмент(и)
Fender Jazzmaster
Fender Thinline Telecaster
Gibson Les Paul
Fender Starcaster

Тејлор Бенџамин Јорк (анг. Taylor Benjamin York; роден 17 декември, 1989) е американски рок гитарист, а моментално е член на алтернативниот рок бенд Paramore. Тој свири на клавијатура и глокенспил за време на нивните настапи во живо. Негов брат е Џастин Јорк, член на турнеите на бендот Relient K.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тејлор Јорк е роден на 17 декември, 1989, во Нешвил, Тенеси. Тој отпрвин свирел на ритмичка гитара во бендот Paramore, но откако Џош Фаро и Зек Фаро го напуштиле бендот тој станал главен гитарист. Негов брат е Џастин Јорк кој е член на Cecil Adora. Татко на Тејлор е Питер Јорк кој исто така е гитарист и ги научил и Џастин и Тејлор да свират на гитара. Јорк бил дел од бендот на браќата Фаро (Џош Фаро и Зек Фаро) пред тие да се запознаат со Хејли Вилијамс и пишувал песни за бендот, како што е песната „Conspiracy“ од нивниот прв албум, All We Know Is Falling. Јорк свирел за Paramore како член на нивните турнеи (2007-2009) но всушност никогаш не бил официјален член на бендот, сè до 15 јуни, 2009 година кога преку LiveJournal-от на бендот било кажано дека тој е официјален член. [1][2]

Влијанија[уреди | уреди извор]

Јорк кажал дека негови омилени бендови се mewithoutYou, Radiohead, Jimmy Eat World, Yann Tiersen, At the Drive-In, Bjork, Kadawatha, Paper Route и You Me at Six.[3]

Paramore[уреди | уреди извор]

Тејлор почнал да свири на ритмичка гитара за бендот откако Хантер Ламб го напуштил Paramore.


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]