Paramore

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Paramore
Потекло Френклин, Тенеси, САД
Жанрови Алтернативен рок, емо, поп панк
Период на активност 2004 (2004)–сега
Издавачи Fueled by Ramen
Мреж. место paramore.net
Членови
Хајли Вилијамс
Тејлор Јорк
Џереми Дејвис
Поранешни членови
Џош Фаро
Зек Фаро
Џејсон Бинум
Џон Хембри
Хантер Ламб

Paramore е американски рок бенд од Френклин, Тенеси, формиран во 2004 година. Бендот се состои од водечкиот вокал Хајли Вилијамс, басистот Џереми Дејвис и гитаристот Тејлор Јорк.

Групата го издала својот прв албум All We Know Is Falling во 2005 година, а нивниот втор студиски албум Riot! во 2007 година, кој освоил платинеста сертификација во САД, а златна во Австралија, Канада, Нов Зеланд и во Обединетото Кралство. Brand New Eyes, третиот албум на бендот, е издаден во 2009 година и му има донесено најголема слава на бендот, заземајќи високи места на табелите.[1]


Историја[уреди]

2002-2004 година: Формирање[уреди]

Во 2002 година, 13-годишната Хејли Вилијамс се преселила од Меридијан, Мисисипи во Френклин, Тенеси каде што се запознала со браќата Џош Фаро и Зек Фаро додека таа учела во приватно училиште.[2][3] Откако пристигнала Хејли, почнала да зема часови по вокално пеење кај Брет Менинг.[4] Бендот официјално е формиран од Џош Фаро (водечка гитара/пратечки вокал) Зек Фаро (тапани) Џереми Дејвис (бас гитара) и Хајли Вилијамс (главен вокал) во 2004 година,[5] with the later addition of Williams' neighbor[2] а подоцна се вклучил и соседот на Хајли,[2] Џејсон Бинум (ритмичка гитара). Кога Џереми Дејвис за првпат го видел дванаесетгодишниот тапнарот бил изненаден. Тој признава, „Јас имав многу, многу, многу мала доверба во сите во бендот поради нивните години. Ми текнува дека помислив 'Ова нема да оди вака бидејќи детето е многу мало,' но првата проба пеше неверојатна. Знаев дека сме на нешто.“ Според Вилијамс, името "Paramore" дошло од името на мајката на еден од нивните први бас изведувачи.[6] Откако групата го дознала значењето на зборот "paramour" ("таен љубовник"), тие одлучиле така да го наречат својот бенд, користејќи го како Paramore.[7]

Вилијамс имала потпишано договор со издавачката куќа Atlantic Records како соло артист во 2003 година. Издавачката куќа имала план Вилијамс да биде поп пејачка, но таа се противела, кажувајќи дека сака да свири алтернативна рок музика заедно со бенд зад неа.

Првата песна на бендот заедно била "Conspiracy", која подоцна се појавила во нивниот деби албум. Во меѓувреме тие одржувале турнеи северозападно, обично возени од родителите на Вилијамс.

2005–2006: All We Know Is Falling[уреди]

Paramore се вратиле во Орландо, Флорида, но откако пристигнале Џереми Дејвис го напуштил бендот.

Дискографија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Caulfield, Keith (7 октомври 2009). „Barbra Streisand has ninth No. 1 album“. Hollywoodreporter.com. http://www.hollywoodreporter.com/hr/content_display/music/news/e3iecb83415cefdd2b06aaf1d104e2f3a1a. конс. 18 август 2010. [мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 Bayer, Jonah. „Born for This“.
  3. „Biography“. All Music. http://www.allmusic.com/artist/p729547. конс. 16 август 2007. 
  4. Hayley Williams. Interview with David Walter. Youth Gone Wild. 2007-10-17. Retrieved on 2010-9-26.
  5. „History“. paramore.net. http://www.paramore.net/about#band_history. конс. 31 декември 2007. 
  6. Paramore. Interview. Hello My Name Is. Retrieved on 2009-06-11.
  7. Josh Farro, Hayley Williams & Jeremy Davis. Interview with cathyreay. Interview With Paramore. 2007-07-14. Retrieved on 2007-08-17.

Надворешни врски[уреди]