Алис во градовите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алис во градовите (германски: Alice in den Städten) - германски филм од 1974 година, во режија на Вим Вендерс, кој е автор и на сценариото, заедно со Вајт фон Фирстенберг. Главните улоги ги играат: Ридигер Фоглер, Јела Ротландер и Лиза Кројцер.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Еден германски новинар (го игра Фоглер) патува низ САД со цел да собере материјал за репортажа, но тој го минува времето само во фотографирање. Тој ја запознава младата жена Лиза (ја игра Кројцер) која заедно со ќерката Алис (ја игра Ротландер) планира да се врати во Германија. Меѓутоа, Лиза неочекувано го напушта хотелот и останува во Њујорк, а новинарот и Алис заминуваат во Европа. Алис не знае каде живее нејзината баба, така што двајцата одат од град во град во потрага по неа...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]