Натаниел Хоторн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Натаниел Хоторн
Nathaniel Hawthorne
Nathaniel Hawthorne old.jpg
Натаниел Хоторн во 1860-те
Занимањеписател, раскажувач
Книжевно движењеромантизам

Натаниел Хоторн (англ. Nathaniel Hawthorne; 4 јули 1804 - 19 мај 1864) — американски писател, автор на романи и раскази.

Биографија[уреди | уреди извор]

Хоторн е роден во 1804 година, во Салем, Масачусетс, а неговата родна куќа се наоѓала на улицата каде што била Градската пумпа.[1] Тој се родил како Натаниел Хаторн (Nathaniel Hathorne), а потоа го променил презимето во Хоторн. Школувањето го завршил во 1825 година. Неговиот предок во 1610 година се доселил во Нова Англија, како еден од првите колонисти, со „Библијата и мечот во раката“, а следните негови предци биле пуритански старешини и законодавци. На пример, неговиот предедо, судијата Хоторн, бил прогонител на вештерки, а татко му бил заповедник на брод кој умрел од жолта треска на Далечниот Исток кога Натаниел имал четири години. Натаниел Хоторн бил цврсто приврзан кон родниот крај кого го напуштил само еднаш, пред крајот на животот. Младоста ја поминал во тивката, осамена атмосфера во семејната куќа, заедно со мајка му и со сестрите. По завршувањето на студиите, Хоторн повторно се вратил во осамениот родителски дом, минувајќи ги следните 12 години во повлечен семеен живот, исполнет со непрекинато пишување. Подоцна, неговото здравје наеднаш се влошило и тој умрел ненадејно во 1864 година.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Хоторн започнал да пишува по враќањето во родниот дом од студиите, кога одвреме-навреме објавувал раскази во книжевните списанија, но то аго правел анонимно или користејќи туѓо име. Хоторн ја објавил својата прва книга во 1828 година. Првиот скромен успех го постигнал со збирката раскази „Двапати прекажани приказни“ од 1837 година, која постојано ја дополнувал и проширувал во подоцнежните изданија. Својот прв голем успех го доживеал во 1850 година со романот „Скерлетната буква“ чие прво издание се распродало само за десет дена. Со ова дело, тој се врброил во редот на големите американски писатели и станал пријател со водечките философи и јавни личности. Следната година го објавил вториот роман, „Куќа со седум порти“ во кој ја обработува темата на клетвата што предизвикува распаѓање на едно старо семејство. Во 1852 година се појавил романот „Романса за Блајтдејл“ кој обработува современа тема - обидот да се создаде утописка средина врз старите општествени форми. Во неговиот последен значаен роман, „Мермерниот фаун“ (1859) се обработува губењето на невиноста, сфатена во поширока смисла на зборот. Потоа, Хоторн продолжил да објавува разни прозни дела (раскази, спомени, итн.), но неговиот талент почнал да згаснува паралелно со влошувањето на здравјето. По ненадејната смрт во 1864 година, тој оставил четири недовршени романи и бројни дневници, скици и белешки. Особено е позната неговата кореспонденција, во прв ред, писмата упатени до неговата обожавана сопруга Софија.[3]

Хоторн дал огромен придонес во создавањето на американската книжевност. Со своите смели сфаќања, со проникливиот дух и со изградениот стил создал нешто ново во американската книжевност: тој е автор на првите американски психолошки романи чија популарност се проширила и во Европа дури и за време на неговиот живот. На пример, познато е дека тие извршиле многу силно влијание врз творештвото на Достоевски. Неговите романи, до ден-денес спаѓаат во класиците на светската книжевност.[4]

Во своите дела, Хоторн се инспирирал од пуританизмот и од локалниот живот во САД. Хоторн умеел да го реконструира животот од минатите векови, но неговата раскажувачка техника не е заснована врз богатиот историски декор, детаљното опишување на ликовите и богатата заднина на настаните; напротив, Хоторн е моралист и алегоричар кој своите книжевни ликови ги прикажува во полумрак со цел подобро да ги истакне апстрактните морални поими.[5]

Избрани дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • Septimius Felton; or, the Elixir of Life (1872)
  • Doctor Grimshawe's Secret (1882)

Збирки раскази[уреди | уреди извор]

  • Големото камено лице и други приказни од Белата Планина (1889)
  • The Celestial Railroad and Other Short Stories

Дејвид Сван (1858)

Избрани раскази[уреди | уреди извор]


  1. N. Hotorn, Skerletno slovo. Beograd: Rad, 1964, стр. 40.
  2. Vidosava Janković, „Natanijel Hotorn“, во: N. Hotorn, Skerletno slovo. Beograd: Rad, 1964, стр. 204-205.
  3. Vidosava Janković, „Natanijel Hotorn“, во: N. Hotorn, Skerletno slovo. Beograd: Rad, 1964, стр. 204-205.
  4. Vidosava Janković, „Natanijel Hotorn“, во: N. Hotorn, Skerletno slovo. Beograd: Rad, 1964, стр. 203.
  5. Vidosava Janković, „Natanijel Hotorn“, во: N. Hotorn, Skerletno slovo. Beograd: Rad, 1964, стр. 205-206.