Холандската Јавна Здравствена Служба ја снабдува медицинската нега за домородците од Холандските Источни Индии, мај 1946
Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци. Оваа дефиниција е дадена од Светската здравствена организација (СЗО) и го опишува човековото здравје во неговата сеопфатна смисла.[1][2] Иако оваа дефиниција била тема на многу контроверзности, главно заради недостатокот на практични вредности и проблемот создаден со употребата на зборот „целосна“, таа останува до сега како најистрајна.[3][4] Постојат и бројни други дефиниции за здравјето: во поопшта смисла, здравјето претставува ниво на функционална или метаболна ефикасност на еден жив организам; кај луѓето, здравјето е општата состојба на човековото тело, ум и дух, обично значејќи отсуство на болест, повреда или болка (да се биде „здрав“).[5]
↑Светска здравствена организација. 1946. www.who.int/bulletin/archives/80(12)981.pdf — WHO definition of Health, Преамбула на Уставот на Светската здравствена организација, усвоена од Меѓународната здравствена конференција, Њујорк, 19-22 јуни 1946; потпишана на 22 јули 1946 од претставниците на 61 држава (Официјални документи на СЗО, број 2, страница 100) и влегле во сила на 7 април 1948. (англиски)