Хенри Милер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хенри Милер (англиски: Henry Miller) (1891-1980) бил американски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Х. Милер во 1940 год.

Хенри Милер е роден во 1891 година. Се школувал во Бруклин, а работел во Њујорк. Подоцна, работел во Париз како новинар.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Милер почнал да пишува во Париз, каде ги создал своите најдобри дела. Првиот роман, Раковиот повратник (Tropic of Cancer) е објавен во 1934 година, а зборува за неговите искуства и доживувања во Париз. Потоа ги објавил следниве дела: Црна пролет (1936), Јарчевиот повратник (1939) и трилогијата Розево распетие (Сексус, Плексус, Нексус).[2] Исто така, објавувал патописи и драми. Иако неговото творештво било оспорувано од некои американски критичари, денес Милер се смета за еден од најголемите американски писатели и зазема значајно место во современата светска книжевност,[3] а Раковиот повратник за еден од најголемите американски романи.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Раковиот повратник“ (Tropic of Cancer)
  • „Црна пролет“
  • „Јарчевиот повратник“
  • „Розево распетие“
  • Мирни денови во Клиши“ (Quiet Days in Clichy)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 127.
  2. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 127.
  3. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 127.