20 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< септември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30


20 септември е 263-иот ден во годината според григоријанскиот календар (264-и во престапна година). Остануваат 102 денови до крајот на годината.

Настани:

331 п.н.е.  На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1519  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1950  Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.
1963  Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината.

Родени:

1377  Албрехт IV — војвода од Австрија.
1859  Никола Начов — бугарски писател.
1878  Аптон Синклер — северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот.
1920  Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец.
1921  Чико Хамилтон — американски џез-музичар.
1934  Софија Лорен — италијанска глумица.
1940  Таро Асо — јапонски политичар.
1955  Тодор Чепреганов — македонски историчар.
1956  Стив Колмен — американски џез-музичар.
1957  Владимир Ткаченко — украинско-руски и советски кошаркар.
1980  Густав Ларсон — швајцарски велосипедист.
1980  Игор Вори — хрватски ракометар.
1989  Алфредо Балони — италијански велосипедист.

Починале:

1736  Ахмед III — османлиски султан.
1898  Теодор Фонтане — германски романописец.
1930  Гомбоџаб Цибиков — руски истражувач.
1998  Јордан Леов — македонски раскажувач.
1994  Цеко Стефанов — македонски поет.
2006  Свен Никвист — истакнат шведски кинематограф.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември