Прејди на содржината

Авни Енѓулу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Авни Енѓулу (турски:Avni Engüllü; Скопје, 7 септември 1947 - 17 февруари 2024) — поет, раскажувач, преведувач од турската националност во Македонија[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Авни е роден во Скопје на 7 септември 1947 година. Завршил Педагошка гимназија во Скопје.[2] Работи како уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1976 година. Автор е на книгите: Првенец (поезија, 1972), Под врбата (раскази, 1974), Мете (поезија за деца, 1983), Четирите годишни времиња (поезија за деца, 1984), Човек ли си, што ли си (поезија, 1985), Недоречени мисли (поезија, 1993).

  1. Fahri Kaya, Yugoslavya’da Çağdaş Türk şiir Antolojisi say. 158, Cem Yayinevi, Istanbul,1992
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 90.