Прејди на содржината

Мира Фурлан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мира Фурлан
Мира Фурлан во 2008
Роден(а)7 септември 1955(1955-09-07)
Загреб, СФРЈ
Починал(а)20 јануари 2021(2021-01-20) (возр. 65)[1]
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимањеглумица, пејачка
СопружникГоран Гаиќ (1998-2021)
Мреж. местоhttp://www.mirafurlan.com

Мира Фурлан (7 септември 1955 , Загреб20 јануари 2021 , Лос Анџелес) — една од најголемите ѕвезди на југословенскиот филм во 1980-ите, па до нејзината смрт. Била позната на меѓународен план по нејзините улоги во сериите Вавилон 5 и Изгубени[2].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Фурлан е родена во 1955 во Загреб, каде што дипломирала глума на Академијата за драмски уметности, а во 1978 станала членка на Хрватскиот народен театар. Филмското деби го имала во „Киклоп“ во 1982 година, за што освоила Златна арена за најдобра споредна улога на Филмскиот фестивал во Пула, по што станала една од водечките југословенски глумици. Во 1986 година била наградена и со Златна арена за најдобра глумица за „Убавината на порокот“[3].

Од крајот на 1980-ите главно работела во Белград, а во 1991 се преселила во САД, каде што продолжила да глуми, остварувајќи ги најзабележителните улоги во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“[4]. Од 2004 до 2008 година глумела во американската серија „Изгубени“, серија со планетарен успех.[5]

Во Хрватска се вратила во 2002 година, играла главна улога во претстава во режија на Раде Шербеџија[6].

По враќањето во поранешна Југославија, Мира Фурлан глумела и во српски филмови и серии, а најмногу се истакнала во филмот „Тур“ и ТВ-серијата „Се вратија штрковите“.

Таа повремено пишувала и колумни за списанието Ферал трибјун од Сплит[7].

Истакнатиот режисер Рајко Грлиќ за неа изјавил „Мира беше најголемата југословенска и хрватска глумица од мојата генерација“. „Кревка и силна, исклучително чувствителна и истовремено храбра жена“.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмографија на
Год.НазивУлога
1970
1975Кнез
1976Тројцата
1977Премини ја реката ако можш
1978Истарска рапсодијаКате
1979НовинарВера
1980
1980Патот за Кумровец
1981Раното созревање на Марко Ковач
1981Непокорен градЗденка
1980−1981Вело мистоКате
1982КиклопЕнка
1983Дете и зајак
1983Престројавање
1983Киклоп (ТВ-серија)Енка
1983Писмо - главаФинка
1983Дундо МаројеПетруњела
1984Во вилиците на живототМаријана
1984Штефица Цвек во вилиците на животот (ТВ-серија)
1984Задарскиот мементоКармела
1985Тоа не е мојот живот, тоа е само привремено
1985Хорватовиот изборЕва
1985Здраво, инспектореРужа
1985Таткото на службен патАнкица Видмар
1985Посета
1985За среќа, потребни се тројцаЗденка Робиќ
1986Од злато јаболкоМирјана
1986Убавината на порокотЈаглика
1982−1986СмоговциМира
1986.Путовањето во ВучјакЕва Хорватек
1986Шпадијер еден животЗдравка
1987Домот на БергмановиЛаура
1987ОсудениМира
1987Љубовите на Бланка КолакБланка
1988Засега без добар насловглумица
1988.Шпион на штиклиВесна Логан
1987−1988Вук КараџиќПетрија
1988Пат за југБеси
1988Браќа по мајкаВранка
1989ПолтронМилена Крталиќ
1989Подобар животФинка Пашалиќ
1989Бункер Палас хотел
1989Другарица министаркаЗденка
1990
1990Туѓинец (мини серија)Анѓелија
1990СтелаЛуција
1990Глув барутЈања
1991Сараевски приказниМилена Газивода
1991Видео елка, зелен борЈованка
1990−1991Подобар живот 2Финка Пасалиќ
1993Вавилон 5: собираниДелен
1995Јас Антонија
1996Црни мачки
1997Спајдермен
1998Вавилон 5: на почетокотДелен
1998Вавилон 5: Третата вселенаДелен
1994−1998Вавилон 5Делен
2000
2001Шина
2004Диши длабокоЛила
2006Ноќен СталкерМарлин Шилдс
2007АпологијаЖаклина Слејтман
2004−2008Изгубени (ТВ серија)Данијел Русо
2008Ќе се вратат штрковитеЈагода
2008ТурнејаСоња
2009Гола кожаЦица
2010
2010Циркус КолумбијаЛуција

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  1. „Babylon 5 Star and Lost Actress Mira Furlan Passes Away“. SuperHeroHype. 2021-01-21. Посетено на 2021-01-22.
  2. Mira je bila najveća jugoslavenska i hrvatska glumica
  3. Mira Furlan
  4. „The Babylon Project“. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2021-01-22.
  5. „Mira Furlan“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2021-01-22.
  6. Mira Furlan, kazalisne uloge
  7. Mira Furlan u Sarajevu govorila o ludilu nacionalizma: Pomislim da ne znam gdje sam živjela[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]