Засега без добар наслов
Изглед
„Засега без добар наслов“ (српски: За сада без доброг наслова) — филм на режисерот Срѓан Карановиќ од 1988 година. Во главните улоги настапуваат: Мето Јовановски, Мира Фурлан, Боро Беговиќ и Ева Рас.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во еден косовски град брутално е прекината љубовта меѓу Србин и Албанка. Еден режисер оди со видеокамера во градот со цел да ги сними настаните, работата на истражните органи и семејствата на вљубените. Притоа, приказната во филмот тече во повеќе слоеви: службените телевизиски записи, личните снимки на режисерот и неговиот обид да направи игран филм...[1]