Аргир Манасиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Argir Manasiev2.jpg
Роден 15 мај 1872
село Сехово, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 7 септември 1932
Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија

Аргир Наков Манасиев (15 мај 1872 - 7 септември 1932) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Манасиев завршил француски колеџ во Солун и потоа учителствувал во Ново Село и Негован, Солунско, Смоквица, Гевгелиско и градот Гевгелија.

Привлечен е од Гоце Делчев во редовите на ТМОРО. Активно учествува во создавањето на нови комитети и проширување на мрежата на Организацијата.

Четата на Аргир Манасиев

Откриен од турските власти во 1901 година станува нелегален. Војвода е на чета во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Сава Михајлов организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија.

Нивните обединети чети водат повеќе борби, а тоа кај селото Клисура на 24 август, и заедно со кукушката чета на 25 септември на Пајак планина.

По востанието останува во реонот и ја обновува организацијата. Се истакнал како цврст противник на грчката вооружена пропаганда. Делегат е на Рилскиот конгрес од солунскиот округ. На конгресот ја поддржува десницата на Организацијата.

По 1906 година емигрира во Софија, а по Младотурската револуција се враќа во Гевгелија. За време на Првата балканска војна е на чело на чета, а од 1913 година живее во Струмица, каде е околиски управител.

По крајот на Првата светска војна, од 1919 година до крајот на својот живот живеел во Горна Џумаја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]