Мо Јен
| Мо Јен Mo Yan | |
|---|---|
Mo Yan in 2008 | |
| Изворно име | 莫言 |
| Роден/а | Гуан Моје (管谟业) 17 февруари 1955 Гаоми, Шандун, China |
| Псевдоним | Мо Јен |
| Занимање | Писател, учител |
| Јазик | Кинески |
| Националност | Кинез |
| Образование | Мајстор за литература и уметност – Педагошки универзитет во Пекинг (1991) Graduated – Народноослободителна армија - академија за уметност (1986) |
| Период | од 1981 |
| Значајни дела | Црвениот Сорго клан, Републиката на Винтоо, Животот и смртта ме исцрпуваат |
| Значајни награди | Нобелова награда за литература 2012 |
| Сопруг/а | ДУ Кинлан (杜勤兰) ( од 1979) |
| Деца | Гуан Ксиаксио (管笑笑) (роден1981) |
Гуан Мое со псевдоним Мо Јен (1955, Гаоми, Кина) - кинески писател, добитник на Нобеловата награда во 2012 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мо Јен е роден во Гаоми, во провинцијата Чандунг, во 1955 година. За време на детството бил сведок на гладот и сиромаштијата, а за време на кинеската револуција бил принуден да го напушти училиштето и да ја чува стоката. Во 1986 година дипломирал, а пет години подоцна станал магистер по книжевност на универзитетот во Пекинг. Според неговото сведоштво, токму годините исполнети со глад и осаменост го поттикнале да стане писател.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Најпознати дела на Мо Јен се: „Жаби“, „Приказни за црвениот сирк“, „Балади за садниците лук во Рајот“, „Смрт на сандаловиот колец“, „Уморен од животот и од смртта“ итн. Во своите епски дела, Јен го опишува животот на кинеските селани во текот на XX век, славејќи ја нивната исконска сила наспроти кротката и „цивилизирана“ конфуцијанска традиција при што се спротивставува на идеализираната слика на селото во кинеската пролетерска книжевност.[1]