Чеслав Милош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Чеслав Милош (полски: Czesław Miłosz; 30 јуни 1911 - 14 август 2004) - полско-американски поет, прозаист, есеист, преведувач и дипломат.

Биографија[уреди | уреди извор]

Милош е роден на 30 јуни 1911 во Шетејња, тогаш во рамките на Руското царство, денес во Литванија, починал на 14 август 2004 година, во Краков, Полска. Од 1945 до 1951 година, Милош работел како дипломат, но во 1951 година ги прекинал одностите со татковината. Од 1951 до 1989 година живеел во емиграција - до 1960 година во Франција, а потоа во САД. До 1980 година, неговото дело во Полска било забрането од цензурата. Од 1961 до 1978 работел како професор по словенски јазици и литература на Универзитетот на Калифорнија во Беркли и на Универзитетот Харвард. Во 1993 година се вратил во Полска. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1980 година. Носител е на звањето „Справедлив меѓу народите на светот“ и носител на Орденот на Белиот орел. Исто така, тој е добитник на Меѓународната награда за литература Неустат во 1978 година. Милош бил член на Полската академија на науките и на Здружението на полските писатели. Милош почива во Криптата на заслужните во Скалка, Краков.

Творештво[уреди | уреди извор]

Милош е најпознатиот претставник на виленската авангарда и од самиот почеток бил миленик на полската критика и на публиката. Особено е читан и фален неговиот втор том, „Три зими“ (1936), кој се смета за еден од најсветлите моменти на полската предвоена поезија. Притоа, во неговата поезија катастрофичните елементи не се внесени во вид на неодредена фантазмагорична бајка, туку се реално прикажани како составен елемент на тогашниот полски живот. И токму таа публицистичност е едно од најважните обележја на поезијата на Милош. Никој во полската поезија не го отсликал толку силно страдањето за време на окупацијата на Полска. Неговата книга „Спасение“ (1945) истовремено претставува поетска осуда на војната и споменик на болката, разговор со погинатите другари и порака до идните поколенија. Во тие рамки, циклусот посветен на разурнатата Варшава е највисокото поетско остварување на Милош. По емигрирањето од Полска, Милош објавил повеќе поетски збирки и неколку {[роман]]и, но многу повеќе бил ангажиран како публицист, памфлетист и полемичар.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Ogród nauk (1979)
  • Hymn o perle (1982)
  • Nieobjęta ziemia (1984)
  • Kroniki (1987)
  • Dalsze okolice (1991)
  • Zaczynając od moich ulic (1985)
  • Metafizyczna pauza (1989)
  • Rok myśliwego (1990)
  • Poszukiwanie ojczyzny (1991)
  • Na brzegu rzeki (1994)
  • Szukanie ojczyzny (1992)
  • Historia literatury polskiej (1993)
  • Legendy nowoczesności (1996)
  • Życie na wyspach (1997)
  • Piesek przydrożny (1997)
  • Abecadło Miłosza (1997)
  • Inne abecadło (1998)
  • Zaraz po wojnie. Korespondencja z pisarzami 1945-1950 (1998)
  • Wyprawa w dwudziestolecie (1999)
  • To (2000)
  • Druga przestrzeń (2002)
  • Orfeusz i Eurydyka (2002)
  • O podróżach w czasie (2004)
  • Spiżarnia literacka (2004)
  • Wiersze ostatnie (2006)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 141-142.