Преселба на населението
Преселба или миграција (од латински: migratio[1]) — движење или преселување на населението, од едно во друго место.
Преселбите можат да бидат привремени, но можат да бидат и трајни. Привремените преселби ги означуваат дневните движења на населението од своите домови кон местата каде што работат. Привремени се сметаат и оние преселби каде личноста го напушта своето место на живеење и се населува во ново заради деловни причини, меѓутоа по извесно време се враќа во своето старо место на живеење. Трајните преселби (иселувања) се лицето кога го напушта своето место на живеење трајно и не се враќа назад. Според некои критериуми, привремените траат помалку од една година, а трајните повеќе од една година. Преселбите исто така можат да бидат внатрешни и надворешни.
Внатрешни преселби се оние преселби кои се случуваат во рамките на една држава. Тука спаѓаат и дневните преселби на населението до своите работни места. Овие преселби се вршат многу полесно од надворешните, бидејќи за нив не е потребна патничка документација како што се пасош и лична карта. Покрај пасош, лицето поминува и низ царина на државата во која се доселува, и голем број други документации потребни според законот на самата држава. Најчести причини за преселба можат да бидат: демографски, политички, економски, општествени и слично.
Историска ретроспектива
[уреди | уреди извор]Преселбите се дел од животот на човекот уште од неговото настанување. Луѓето за првпат почнале да го менуваат своето место на живеење уште од камено време. Во услови на живот, кога не знаеле да ја обработуваат земјата тие постојано се селеле во нови места на живеење. Останувале на едно место додека целосно не ја експлотирале земјиштето, незнаејќи дека можат повторно да ја обработат земјата со засадување на нови растенија на истата површина. Значи, основната причина за тогашните преселби била постојаната потрага по нови места со подобри места за живот.
Со понатамошна цивилизациска еволуција настанале монархиите. Желбата на секој монарх била да ја прошири својата територија колку што може повеќе. Така настанале најпознатите историски војни. Низ тие освојувачки походи голем дел од населението било мобилизирано во војската на монархиите. Примери за вакви преселби во историјата има навистина многу. Од војните коишто настанале во Стара Грција помеѓу тогашните градови-држави, секако најзначајни биле Спарта и Атина. Сигурно најголеми походи биле во времето на кралот и војсководец Александар III Македонски, кој го освоил во тоа време речиси целиот свет познат на луѓето во источното Средоземје и пошироко. Неговото кралство се протегало на до тогаш сите познати континенти. Тоа биле едни од најмасовните движења на луѓето низ историјата.
Крстоносните војни, исто така едни од најмасовните преселби на човекот низ историјата на човештвото. Нешто подоцна за време на буржоаските револуции се појавиле масовни преселби во рамките на државите. Значи, во текот на оваа таканаречена преродба, која започнала со Француската револуција на Наполеон Бонапарта се случиле најголемите преселби на луѓе во рамките на една држава, што е пандан на денешниве привремени и трајни внатрешни преселби. Меѓутоа Бонапарта не за задоволил со дотогашните граници на Франција. Тој покажал тежнеење да ја прошири својата држава. Еден од најпознатите походи бил тој на Бонапарта кон Руската Империја. Но тогаш бил поразен и бил приморан да се врати назад во Франција.
Во XX век се случиле и двете најцрни точки во еволуцијата на човештвото, Првата и Втората светска војна. За време на овие војни, се појавиле најмасовните преселби на светското население, кои продолжиле и по војната. Важно е да се знае дека со преселбите со текот на времето се воспоставува рамнотежа меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Луѓе се селат и денес. преселбите биле, и ќе бидат дел од нашето секојдневие постојано. Меѓутоа, да напоменеме уште еднаш, како што беше претходно наведено, преселбите не влијат на бројната структура на населението, тие вршат само негова распространетост.
Шеми на преселба и сродни статистики
[уреди | уреди извор]Постојат многу статистички проценки за моделите на преселба низ целиот свет.
Светска банка објавила три изданија на својот „Книга на факти за преселби и дознаки“ (изворно: Migration and Remittances Factbook), почнувајќи од 2008 година, при што второто издание се појавило во 2011 година и третото во 2016 година.[3] Меѓународната организација за преселба (ИОП/IOM) објавила десет изданија на Светски извештај за преселба почнувајќи од 1999 година.[4][5] Одделот за статистика на Обединетите нации исто така води база на податоци за преселувањето низ целиот свет.[6] Неодамнешниот напредок, во истражувањето за преселувањето, преку интернет ветува подобро разбирање на моделите на преселба и мотивите на преселување.[7][8]
Структурно, постои значително преселување во правците Југ-Југ и Север-Север; во 2013 година, 38% од сите мигранти се преселиле од земјите во развој во други земји во развој, додека 23% се преселиле од земјите на ОЕСР кои се со високи приходи во други земји со високи приходи.[9] Фондот за население на Обединетите нации вели дека „додека Северот доживеа поголем апсолутен пораст на мигрантскиот фонд од 2000 година (32 милиони) во споредба со југот (25 милиони), Југот забележа повисока стапка на раст. Помеѓу 2000 и 2013 година, просечната годишна стапка на промена на мигрантското население во регионите во развој (2,3%) малку ја надмина онаа на развиените региони (2,1%).[10]
Значителна внатрешна preselba може да се случи и во една земја, или сезонска преселба на луѓе (главно поврзана со земјоделството и туризмот во урбаните места), или преместувањата на населението во градовите (урбанизација) или надвор од градовите (субурбанизација). Сепак, студиите за моделите на преселба низ целиот свет имаат тежнеење да го ограничат нивниот опсег на меѓународна преселба.
Година | Број на мигранти | Мигранти во % на светското население |
---|---|---|
1970 | 84,460,125 | 2.3% |
1975 | 90,368,010 | 2.2% |
1980 | 101,983,149 | 2.3% |
1985 | 113,206,691 | 2.3% |
1990 | 152,563,212 | 2.9% |
1995 | 160,801,752 | 2.8% |
2000 | 172,703,309 | 2.8% |
2005 | 191,269,100 | 2.9% |
2010 | 221,714,243 | 3.2% |
2015 | 243,700,236 | 3.3% |
Речиси половина од овие мигранти се жени, што е една од најзначајните промени во моделот на мигрантите во последниот половина век.[10] Жените се преселуваат сами или со членовите на своето семејство и заедницата. И покрај тоа што женската преселба во голема мера се смета за здружена, а не како независна преселба, новите студии тврдат сложени и многубројни причини за тоа.[12]
Согласно 2019 година, првите десет доселувачки одредишта биле:[13]
Во истата година, првите земји на потекло биле:[13]
Покрај овие рангирања, според апсолутните бројки на мигранти, „Факт книгата за миграции и дознаки“ исто така дава статистика за земјите со врвни одредишта за доселување и за првите земји од потеклото на иселување според процентот на населението; Земјите кои се појавуваат на врвот на тие рангирања се сосема различни од оние во горното рангирање и имаат тежнеење да бидат многу помали земји.[14]:2, 4
Согласно 2013 година, првите 15 преселнички коридори (кои отпаѓаат на најмалку 2 милиони мигранти) биле:[14]:5
- Мексико–Соединети Држави
- Русија–Украина
- Бангладеш–Индија
- Украина–Русија
- Казахстан–Русија
- НР Кина–Соединети Држави
- Русија–Казахстан
- Авганистан–Пакистан
- Авганистан–Иран
- НР Кина–Хонхконг
- Индија–Обединети Арапски Емирати
- Западен Брег и Газа–Јордан
- Индија–Соединети Држави
- Индија–Саудиска Арабија
- Филипини–Соединети Држави
Преселби село-град
[уреди | уреди извор]Постојат четири видови на внатрешни преселби од аспект на поделбата на населените места: село-село, село-град, град-село и град-град. Во денешни услови најчеста е преселбата село-град.
Повремени или дневни преселби се оние преселби кои луѓето ги прават секојдневно за да обават некоја работа или набават некој намирници и повторно се враќаат во своите домови. Постојат и трајни преселби. Во вакви случаи, селското население ги напушта своите домови во селата и се населува во ново живеалиште во градовите, со цел да остане тука постојано. Ваквите преселби настануваат како последица на незадоволство од животот во селата, можност за подобар живот и заработка во градовите, поради сè поголемите техничко-технолошки иновации и модернизација на општеството. Значи, стопанскиот развој е главна причина за намалување на бројот на селското и зголемување на бројот на градското население.
Со поделба на населението на селско и градско се доаѓа до голем број на анализи и заклучоци, како на пример:степенот на урбанизација во одделни земји како комплексен процес, степенот на индустријализацијата и културниот развој во одделни земји. Исто така, оваа поделба ни овозможува и одделни демографски истражувања, следење на состојбата во градовите и селата и различните услови за живот кои постојат во нив, како тие услови се одразуваат врз старосната структура на населението, фертилитетот, составот по пол, условите на живеење итн.
Класифицирање на селското и градското население
[уреди | уреди извор]Статистиката се судира со многу прашања и дилеми во врска со класификацијата на населението на селско и градско. Решенијата на овие проблеми се ражлични во одделни земји. Тешкотиите произлегуваат од фактот дека е тешко да се разграничи каде завршува селото, а каде започнува градот. Следствено на ова, тешко е да се одреди кои белези му припаѓаат на селото, а кои на градот. Тешкотија претставува и тоа што пописот на населението дава белези само за населението, а не и за населбите, така што при обработка на материјалот од пописот се наметнуваат шаблонски решенија. Втор критериум за класификација на населението на селско и градско е неговата бројна состојба, односно бројот на населението. Како критериум може да се земе и големината на населбите. Јасно е дека станува збор за квантитативни критериуми. Населението е изразено со бројки, а поделбата се прави со одредени стандарди, кои за секоја држава можат да бидат различни. Како пример може да се земе дека секоја населба која содржи популација до 3000 луѓе се смета како селска населба, а оние што бројат повеќе од 3000 се сметаат како градски населби. Меѓутоа ниту оваа класификацијане може да даде задоволителни резултати, бидејќи многу населби кои располагаат со голем број на жители имаат одлика на селски населби, затоа што поголем дел од населението се занимава со земјоделство. Критериум може да претставува и густината на населението по одделни населби, односно бројот на жители по км2, каде градските и селските населби се разграничуваат според одреден стандард. Меѓународниот статистички институт препорачал, како основа за класификација да се усвои административниот критериум, кој треба да се корегира, така што сите општини да бидат класифицирани во три категории: (1) селски општини со над 70% земјоделско население, (2) мешовити општини со 40-60% земјоделско население и (3) градски општини со помалку од 40 % земјоделско население.
Преселбата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Туѓината пуста да остане“ - македонска народна песна.[15]
- „Параходот ми пристигна“ - македонска народна песна.[15]
- „Збогум мајко“ - фолк песна на Никола Бадев.[16]
- „Бог да бие кој прв почна“ - македонска народна песна.[16]
- „Судбо моја“ - македонска народна песна.[16]
- „Крик“ - краток расказ на македонскиот писател Димитар Башевски.[17]
- „Иселеник“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[18]
- „Печалбари“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[19]
- „Во туѓина“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[20]
- „Вода донесла — вода однесла“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[21]
- „Проштавање“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[22]
- „Ве гледав како заминувате на печалба во Австралија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[23]
- „Поле со жито“ - песна на Наум Целакоски од 1997 година.[24]
- „Последното момче од Мраморец“ - песна на Наум Целакоски.[25]
- „Јабанџискиот гроб во Мешеишта“ - песна на Наум Целакоски.[26]
- „Врба“ - поема на Наум Целакоски.[27]
- „Го жалам кутриот доселеник (англиски: I Pity The Poor Immigrant) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.[28]
- „Имигрантска песна“ (англиски: Immigrant Song) - песна на британската рок-група „Лед Цепелин“ (Led Zeppelin) од 1970 година.[29]
- „Се чувствувам како вог“ (англиски: I Feel Like A Wog) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[30]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „миграција“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ „International migrant stock, total“. The World Bank Data. Посетено на 3 јули 2023.
- ↑ "Open Knowledge Repository: Migration and Remittances Factbook". World Bank Group. Retrieved 2019-08-11; Migrations and Remittances Factbook 2016, p. xiii: "Factbook 2016 builds on the two previous editions of Factbooks".
- ↑ World Migration Report
- ↑ „World Migration Report 2020“ (англиски). 2 јануари 2019. ISSN 1561-5502. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „United Nations Population Division | Department of Economic and Social Affairs“. Архивирано од изворникот на 2023-04-21. Посетено на 2023-07-03.
- ↑ Oiarzabal, P. J.; Reips, U.-D. (2012). „Migration and diaspora in the age of information and communication technologies“. Journal of Ethnic and Migration Studies. 38 (9): 1333–1338. doi:10.1080/1369183X.2012.698202. S2CID 144246309.
- ↑ Reips, U.-D., & Buffardi, L. (2012). "Studying migrants with the help of the Internet: Methods from psychology", Journal of Ethnic and Migration Studies, 38(9), 1405–1424. doi:10.1080/1369183X.2012.698208
- ↑ Migration and Remittances Factbook 2016, p. 11 (reflecting figures from 2013).
- ↑ 10,0 10,1 „International Migration 2013 (wall chart)“. UNFPA. 2013.
- ↑ „World Migration Report 2018“ (PDF). Меѓународна организација за преселба. стр. 15. Посетено на 3 јули 2023.
- ↑ Thapan, M. (2008). „Series Introduction“. Во Palriwala; Uberoi (уред.). Women and Migration in Asia. New Delhi: Sage Publications. стр. 359. ISBN 978-0761936756.
- ↑ 13,0 13,1 IOM. "Migration and migrants: A global overview Архивирано на 18 јануари 2021 г.." Ch. 2 in World Migration Report 2020.
- ↑ 14,0 14,1 Migration and Remittances Factbook 2016
- ↑ 15,0 15,1 Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, 2006.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 78.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 56.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 44.
- ↑ Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 69.
- ↑ Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 47-52.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 9-10.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 41-42.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 43.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 44-45.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 46.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 47-56.
- ↑ DISCOGS, Bob Dylan – John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
- ↑ DISCOGS, Led Zeppelin – Led Zeppelin III (пристапено на 7.1.2021)
- ↑ DISCOGS, The Stranglers – No More Heroes (пристапено на 4.5.2021)
Други извори
[уреди | уреди извор]Книги
[уреди | уреди извор]- Anderson, Vivienne. and Johnson, Henry. (eds) Migration, Education and Translation: Cross-Disciplinary Perspectives on Human Mobility and Cultural Encounters in Education Settings. New York: Routledge, 2020.
- Behdad, Ali. A Forgetful Nation: On Immigration and Cultural Density in the United States, Duke UP, 2005. Предлошка:ISBN?
- Chaichian, Mohammad. Empires and Walls: Globalisation, Migration, and Colonial Control, Leiden: Brill, 2014. Предлошка:ISBN?
- Jared Diamond, Guns, germs and steel. A short history of everybody for the last 13'000 years, 1997. Предлошка:ISBN?
- De La Torre, Miguel A., Trails of Terror: Testimonies on the Current Immigration Debate, Orbis Books, 2009. Предлошка:ISBN?
- Fell, Peter and Hayes, Debra. What are they doing here? A critical guide to asylum and immigration, Birmingham (UK): Venture Press, 2007. Предлошка:ISBN?
- Hanlon, Bernadette and Vicino, Thomas J. Global Migration: The Basics, New York and London: Routledge, 2014. Предлошка:ISBN?
- Hoerder, Dirk. Cultures in Contact. World Migrations in the Second Millennium, Duke University Press, 2002. Предлошка:ISBN?
- Idyorough, Alamveabee E. "Sociological Analysis of Social Change in Contemporary Africa", Makurdi: Aboki Publishers, 2015.Предлошка:ISBN?
- IOM World Migration Report, see World Migration Report International Organization for Migration
- Kleiner-Liebau, Désirée. Migration and the Construction of National Identity in Spain, Madrid / Frankfurt, Iberoamericana / Vervuert, Ediciones de Iberoamericana, 2009. ISBN 978-8484894766.
- Knörr, Jacqueline. Women and Migration. Anthropological Perspectives, Frankfurt & New York: Campus Verlag & St. Martin's Press, 2000. Предлошка:ISBN?
- Knörr, Jacqueline. Childhood and Migration. From Experience to Agency, Bielefeld: Transcript, 2005.Предлошка:ISBN?
- Manning, Patrick. Migration in World History, New York and London: Routledge, 2005. Предлошка:ISBN?
- Miller, Mark & Castles, Stephen (1993). The Age of Migration: International Population Movements in the Modern World. Guilford Press. Предлошка:ISBN?
- Migration for Employment, Paris: OECD Publications, 2004. Предлошка:ISBN?
- OECD International Migration Outlook 2007, Paris: OECD Publications, 2007.Предлошка:ISBN?
- Pécoud, Antoine and Paul de Guchteneire (Eds): Migration without Borders, Essays on the Free Movements of People (Berghahn Books, 2007). Предлошка:ISBN?
- Purohit, A. K. (ed.) The Philosophy of Evolution, Yash Publishing House, Bikaner, 2010. ISBN 8186882359.
- Abdelmalek Sayad. The Suffering of the Immigrant, Preface by Pierre Bourdieu, Polity Press, 2004. Предлошка:ISBN?
- Reich, David (2018). Who We Are And How We Got Here – Ancient DNA and the New Science of the Human Past. Pantheon Books. ISBN 978-1101870327.
- Diamond, Jared (April 20, 2018). „A Brand-New Version of Our Origin Story“. The New York Times. Посетено на April 23, 2018.
- Stalker, Peter. No-Nonsense Guide to International Migration, New Internationalist, 2nd ed., 2008. Предлошка:ISBN?
- White, Micheal (Ed.) (2016). International Handbook of Migration and Population Distribution. Springer. Предлошка:ISBN?
Весници
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Библиотечни извори за Преселба на населението |
- Преселба на населението на Ризницата ?
- 1911 Encyclopædia Britannica article* International Organization for Migration's World Migration Report 2020
- OECD International Migration Outlook 2007 (subscription service)
- Migration Policy Centre
- iom.int International Organisation for Migration
- CIA World Factbook, up-to-date statistics on net immigration by country
- Stalker's Guide to International Migration, a comprehensive interactive guide to modern migration issues, with maps and statistics
- Integration: Building Inclusive Societies (IBIS), a UN Alliance of Civilisations online community on good practices of integration of migrants across the world
- The importance of migrants in the modern world
- Mass migration as a travel business
- Return migration between 1850 and 1950 by Dr. Sarah Oberbichler Newseye projet (https://newseye.eu Архивирано на 13 јуни 2023 г.)
- Story of migration
|