Прејди на содржината

Ванчо Николески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ванчо Николески
Роден/а10 јуни 1912
Црвена Вода, Охридско
Починат/а15 април 1980(1980-04-15) (возр. 67)
Црвена Вода, Охридско
Занимањеписател за деца и млади
НационалностМакедонец
ДржавјанствоМакедонец
НародностМакедонец
ЖанрПоезија и проза
Значајни делаГоце Делчев“, „Волшебното самарче“, „Мице“, „Чудотворен кавал
Значајни наградиСв. Климент Охридски“, „11 Октомври“, „Младо поколение

Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980 ) — македонски писател, претставник на првото повоено поколение македонски писатели за деца и младина.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода во областа Дебрца, Охридско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.[1] По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.[2] Починал во Охрид, во 1980 година.[3]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
Споменик на Ванчо Николески на Мостот на уметноста

За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:[4]

Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.[6]

Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.[7] Негови најпознати дела се:[8]

  • „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
  • Мице“ (поема, 1947)
  • „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
  • „Прва радост“ (песни, 1947)
  • „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
  • „Крај огниште“ (песни, 1948)
  • „Дедови приказни“ (песни, 1950)
  • „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
  • „Татковина“ (песни, 1950)
  • Мое село“ (песни, 1950)
  • „Чуден свет“ (песни, 1952)
  • Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
  • „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
  • „Стани, Коле“ (песни, 1952)
  • „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
  • „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
  • „Приказни и бајки за деца“ (1955)
  • „Чудни случки“ (раскази, 1958)
  • „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
  • Волшебното самарче“ (роман, 1962)
  • Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
  • Гоце Делчев“ (роман, 1964)
  • „Чуден дедо“ (песни, 1964)
  • „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
  • „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
  • „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
  • „Станко спанко“ (песни, 1972)
  • „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
  • „Рачко плачко“ (песни, 1973)
  • „Крвави години“ (хроника-роман)
  • „Жива книга“ (раскази, 1978)
  1. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91-92.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 180.
  3. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  4. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  5. Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 154–155. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  7. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91.
  8. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]