Прејди на содржината

Димитар Башевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Башевски (27 јуни 1943 - ) — македонски романописец, поет и преведувач.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димитар Башевски е роден во село Ѓавато, Битолско, на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1969 година. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник од Атина, за весникот „Нова Македонија“. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа Култура. Сега е главен уредник на издавачката куќа Слово. Член е на Македонскиот ПЕН центар и бил негов претседател од 2000 до 2006 година.[2]

Башевски е автор на следниве дела:

  • Туѓинец (роман, 1969)
  • Враќање (роман, 1972)
  • Раска (роман, 1974)
  • Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980)
  • Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985)
  • Куќата на животот (поезија, 1987)
  • Сарајановскиот каранфил (роман, 1990)
  • Дневникот на Ања (роман за деца, 1994)
  • Привремен престој (поезија, 1995)
  • Совладано време (поезија, 1998)
  • Бунар (роман, 2001)
  • Аголен камен (поезија, 2005)
  • Братот (роман 2007)
  • Во дланката своја си гледам (поезија, 2010)
  • Прозорци (роман, 2010)
  • Белег. Сон (поезија, избор, 2012)
  • Прозорци, нова верзија (роман, 2013)
  • Мајсторот (раскази, 2013)
  • Скршнувања (поезија, 2016)
  • Круг (роман, 2017)
  • Избрани дела (во шест тома, 2019)
  • Писма од карантин (есеи, 2021)
  • Дни, години (поезија, 2023)[3]
  • Црни букви на црвено (поезија, 2025)

Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски, албански и бугарски. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4] Преведува од англиски и од словенските јазици.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградите:

  1. „Био-библиографски белешки за членовите -Димитар Башевски“. Македонски ПЕН центар. Архивирано од изворникот на 2011-03-24. Посетено на 2010-09-19.
  2. „Авторски портрет на Димитар Башевски во НУБ“. A1.on.mk. Посетено на 2023-08-13.[мртва врска]
  3. „Излезе книгата „Дни, години" од Димитар Башевски“. Нова Македонија. Посетено на 2023-08-13.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 77-80.
  5. 1 2 3 4 5 „Димитар Башевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци" на Струшките вечери на поезијата за 2023 година за поетската збирка „Дни, години". Министерство за култура на Македонија. Архивирано од изворникот на 2023-09-23. Посетено на 13 август 2023.
  6. „Доделување на наградата „Св. Климент Охридски". Собрание на Македонија. Посетено на 2023-08-13.
  7. „Биографија на Димитар Башевски“. Струшки вечери на поезијата. Посетено на 2023-08-13.
  8. „Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци". Нова Македонија. Посетено на 2023-08-13.
  9. „Поетската награда „Браќа Миладиновци" на СВП годинава оди во рацете на Димитар Башевски“. Слободен печат. Посетено на 2023-08-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]