Грација Деледа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грација Деледа

Грација Деледа (27 септември 1871, Нуоро - 16 август 1936, Рим, Италија) потекнува од добростоечко семејство. Редовно го посетувала и завршила само основното училиште.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1892 г. го издава првиот роман „Fior di Sardegna“ (Цвет од Сардинија), следи збирката раскази „Racconti sardi“ (Сардски раскази), потоа романот „Il tesoro“ (Богатство). Во 1899 г. се случува вистински пресврт во животот на Грација Деледа, тоа е година кога таа го објавува романот „La giustizia“ (Правда) и се запознава со нејзиниот иден сопруг Палмиро Медезани. Во 1900 г. стапува во брак со него и се преселува во Рим каде останува до крајот на својот живот (1936 г.) Продолжува интензивно со својата писателска активност и објавува повеќе збирки раскази и романи меѓу кои најзначајни се романите:

  • “Cenere” (Пепел)објавена во 1904 г.,
  • “Canne al vento”(Трски на ветрот) во 1913 г.
  • “Cosima”(Козима)издадена една година по нејзината смрт во 1937 г.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во 1926 г. ја добива Нобеловата награда за литература. Не случајно, во својот говор за време на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Грација Деледа, д-р Хенрик Шук од Шведската академија цитирал еден извадок од романот ,,Пепел”:

Цитат[уреди | уреди извор]

Да , сè беше само пепел: животот, смртта, човекот, самата судбина која ја создаваше. Па сепак, во тој свечен час, во присуство на фигурата на бедната старица која личеше на Смртта лично, и пред смртните останки на најнесреќното од сите човечки суштества, кое откако стори секакви зла и страдаше заради нив, умре за доброто на другиот, тој помисли дека меѓу пепелот често пати се крие искрата, семето на светлиот и прочистувачки пламен, и тогаш мѕ се врати надежта, и повторно го зацака животот“. Исто така , во текот на образложувањето на мотивот за доделување на престижната награда, Шук ќе рече дека “Пепел” е роман со уметничка зрелост кој ги содржи сите елементи достојни за Нобелова награда.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1886 г. Ја објавува првата новела во едно списание во градот Нуоро во Сардинија, а две години подоцна почнува цо објавување паскази во популарниот женски магазин “Ultima moda” (Последна мода). Првиот нејзин роман, насловен “Stella d'Oriente” (Источна ѕвезда), која датира од 1890год. и е објавен во прилог на списанието “Avvenire di Sardegna” (Иднината на Сардинија). Тоа е период кога нејзините книжевни амбиции жестоко се попречувани од страна на семејството и на конзервтивниот слој на Нуоро. Но, Деледа не се обесхрабрува, таа ги испрајќа своите новели во продолженија и надвор од родната Сардинија. Со текот на времето го напушта дијалектниот и апроксимативен стил, го продлабочува проучувањето на карактеристиките на нејзините ликови и станува препознатлива со нејзините проникливи опсервации на природата што ја окружува како и на обичаите на Барбаџа и на целата територија на Сердинија. Нејзиниот стил, иако понекогаш е сметан близок до верзомот и декандентизмот, сепак има изразени пегионални обележја.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нид “МИКЕНА” Битола, 2009