Роже Мартен ди Гар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роже Мартен ди Гар
Жан Бароа

Роже Мартен ди Гар (1881-1958) бил француски писател.Тој произлегувал од фамилија на адвокати и судии. Студиите по палеографска архивистика ги завршува во 1906 во Екол де Шарт (École des Chartes) и започнува да пишува. Жан Бароа се појавува во 1913. Добро прифатен во кругот на списанието Nouvelle revue française, тој се спријателува со Андре Жид, Жан Шлимбреже и Жак Копо. Потоа доаѓа војната и заминувањето на различни фронтови.Ди Гар Нобеловата награда за литература ја добива во 1937 и Големата книжевна награда на градот Париз[1].

Тибови[уреди | уреди извор]

Откако бил демобилизиран од војската тој почнал да ја пишува Тибови. Книга која е сочинета од 8 томови кои се појавуваат помеѓу 1922 и 1940 година. Таа зборува за историјата на една фамилија-вистинска панорама на францускиот живот од тој период[1].

Дела[уреди | уреди извор]

Роже е автор на романи како „Постанување“ (1908), „Африканско доверување“ (1941) и други, театарски пиеси (Тестаментот на чичо Леле, селска фарса; Афера, селска фарса, 1928; Молчелив, драма 1932), раскази, на сеќавања и друго (Белешка за Андре ЖИД(1913-1951)[1].

Жан Бароа[уреди | уреди извор]

Жан Бароа воодушевувал неколку генерации читатели: Мартен ди Гар во овој роман се зафаќа директно со општите проблеми на слободната мисла, на иднината на науката, на Вистината и Правдата. Неговите ликови илустрираат некои витални позиции меѓу кои треба да се направи избор. Но тоа се ликови од крв и месо. Мартен ди Гар го насликували и трагичното стареење на човекот , во неговото тело, во неговото срце и во неговиот ум, стравувањето пред болеста и смртта.

Книгата е строго лоцирана од историска гледна точка: ги гледаме случувањата со Аферата Драјфус, којашто е подробно изложена. Најпосле, од една чисто литературна гледна точка, Мартен ди Гар, во време кога киното ги правело првите чекори,го измислил кинематографското кадирање[1].

Приказната[уреди | уреди извор]

Овој роман го трасира патот на еден човек според крива која одговара на трите фази од човечкиот живот. Детството, како прво, во кое Жан успева со текот на времето да се ослободи од оковите на своето образование и посебно од религијата. Зрелоста во која Жан се здружува со неколку пријатели за да го создадат списанието Сејач, со таа цел да ја негуваат слободната мисла и рационалистичкиот дух. Таа борба ќе предизвика и одредени судири: Жан ќе мора да го напушти колеџот „Вансеслас“, каде што се осмелил да ја предава теоријата на Дарвин , ќе биде исто така принуден да се раздели од неговата многу побожна сопруга, неспособна да ги разбере неговите уверувања. Неговите раационалистички идеи ќе најдат конкретна примена благодарение на вметнување на историјата на романот. По примерот на Емил Зола, групата на Сејач ќе влезе во бурните настани за да ја докаже невиноста на Драјфус. Меѓутоа, спротивно на неговиот постар колега Лис, друг амблематичен херој на романот, уверувањата на Бароа немаа доволно солидни основи. Крајот на неговиот живот ќе го обележи една серија разочарувања: аферата Драјфус ќе биде искористена од политикантите; Марија, ќерката на Бароа, далеку од тоа да биде уверана во борбата што нејзиниот татко ја водел целиот живот, ќе одлучи да се посвети на религијата..Најпосле, на крајот од животот, стравот од животот го обзема Бароа, го тера да се откаже од свиоите уверувања и да стане повторно „верник“[1].

Историскиот дел[уреди | уреди извор]

За историскиот дел од романот, Мартен ди Гар завршил вистинска работа на историчар, како што ќе направи и за други романи. Неговото образование на архивиста му овозможило да спроведе истражувања според еден „научен метод“, проследувајќи трудови на историчари, оргинални записи, како што се документите од судењето Драјфус, со постапувајќи спротиставени гледишта, со цел да открие дел од вистината. Но документите немаат само „информативна“ улога, по завршувањето на документарната етапа, тие учествуваат исто така и во уметничкото создавање. На тој начин, тој цитира, присоединува, лепи, но повеќе или помалку експлицитен начин купови од документи (Жан Бароа тој ќе препише повеќе страници од стенографскиот запис од судењето на Зола), кои ја заменуваат или пак ѝ даваат форма на фикцијата. Благодарение на таа оргинална постапка, тој докажа дека може да се бара во 20-ти век признавање на квалификативот „објективен романописец“, со помирување на Уметноста и Политиката[1].

Замислата на романот[уреди | уреди извор]

Делото всушност е замислено во форма на роман целиот во дијалози, кој ги прекинуваат од време на време неколку описи во форма на дидаскалии. Тој ни нуди низа слики кој треба повеќе да сугерираат одредена атмосфера отколку да „раскажуваат“. Она што авторот сака да ни го открие се всушност автентичните парчина од реалноста. Отфрлувајќи ја интервенцијата на сеприсутниот раскажувач, авторот го тера читателот да прифати активна постапка на читање и обмислување[1].

Оргиналноста на Мартен ди Гар[уреди | уреди извор]

Оргиналноста на овој роман не доаѓа само од силата на различните идеи што авторот се труди секогаш да ги претстави со најголема непристрасност, таа произлегува и од модерноста на неговата креативна постапка.

Роже Мартен ди Гар покажува дека не може да се идентификува со својот јунак, впрочем тој отсекогаш се држел на дистанца од своите јунаци. Нвистина, тој никогаш не морал да се ослободува од католицизмот, зашто никогаш не ја ни осетил како што тоа го почуствувал неговиот јунак, стегата на религиозното образование и никогаш не го ни напуштил својот длабок атеизам, притоа почитувајќи ги спротивните уверувања.[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010