Прејди на содржината

Документ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страна на матична книга на родените за Евреите од 1859 година

Документ е ограничена физичка или дигитална репрезентација на тело од информации, создадени со можност за комуникација и повторна употреба.[1][2] Документот може да мaнифестира симболичка, диjаграмска или сензорски добиена информација.

Архивски документ

[уреди | уреди извор]

Документ/запис во архивистиката е забележана информација создадена или примена во текот на покренувањето, извршувањето или завршувањето на активност на одреден орган, правно или физичко лице и ги опфаќа во доволна мера содржината, контекстот и структурата, така што без оглед на обликот или носачот на записот, дава доказ за таа активност.

Основни одлики на документот/записот се автентичност, веродостојност, целовитост и употребливост:

  • автентичен е оној документ за кого може да се докаже дека е тоа што во него се тврди дека е, дека го создал или испратил оној за кое се тврди дека го создал или испратил и дека е создаден или испратен во времето во кое се тврди дека е создаден или испратен;
  • веродостоен е оној документ на чија содржина може да и се верува дека потполно и точно ги изразува активностите или фактите кои ја сочинуваат таа содржина;
  • целовит е оној документ кој е потполн и неизменет и
  • употреблив е оној документ кој овозможува да се распознае, пронајде, пребара, претстави и толкува.
  1. „document“. dictionary.cambridge.org (англиски). 2025-10-29. Посетено на 2025-10-31.
  2. „Dictionary.com | Meanings & Definitions of English Words“. Dictionary.com (англиски). Посетено на 2025-10-31.