Првите повести и раскази на Шенкевич ги одразувале идеите на позитивизмот опишуваат со песимизам горчина на неправедноста на светот и бедата, и тоа најмногу во „Хуморески“ (1872), „Скици со јаглен“ (1880), „Јанко музичарот“ (1880), „За леб“ (1880). Големиот белетристички талент Шенкевич го покажал во неговите историски романи. Во трилогијата „Со оган и меч“ (1884) - „Потоп“ (1886) - „Пан Володјовски“ (1887-88) ја воскреснал историјата на Полска од XVII век и победоносните битки против Козаците, Швеѓаните и Турците. Романот „Крстоносци“ (1900) ја третира борбата на полскиот народ против германските завојуваачи и победата на Словените над Тевтонскиот ред кај Кринвалд и Таненберг (1410). Исполнети со патриот, историските романи му се најдобро постигнување во полската книжевност. Вештината на раскажувач, што создава драматчни дејства, блескави сцени, богато опишување на ликовите и совршенството на јазикот и стилот, му донеле светска популарност.[1]