Жозе Сарамаго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жозе Сарамаго
JSJoseSaramago.jpg
Сарамаго во јануари 2008
Роден/аЖозе де Соза Сарамаго
16 ноември 1922(1922-11-16)
Азињага, Сантарем, Португалија
Починат/а18 јуни 2010(2010-06-18) (возр. 87)
Тијас, Ланзароте, Шпанија
Занимањеписател
НационалностПортугалец
Период1947 – 2010
Сопруг/аПилар дел Рио (1988-2010)
Илда Рејс (1944-1970)

Потпис
мрежно место
josesaramago.org

Жозе де Соза Сарамаго (португалски: José de Sousa Saramago, 16 ноември 1922 — 18 јуни 2010) — португалски писател, добинтик на Нобеловата награда за литература во 1998 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сарамаго е роден во сиромашно селско семејство кое не поседувало сопствена земја. Тешката финансиска сосотјба го принудила да промени голем број занимања, а од 1976 година се бавел само со литературата.[1] Тој завршил машинобраварски занает во средното техничко училиште во Лисабон, каде што неговото семејство се преселило кога тој имал две години. Во тоа училиште, иако наставната програма била ориентирана кон техничките науки, покрај францускиот јазик, бил застапен и предметот португалскиот јазик и литература. Според неговата автобиографија, бидејќи дома немал книги (првата книга ја купил со сопствени пари на 19-годишна возраст), учебникот по португалски јазик му послужил како порта кон книжевноста. Сарамаго работел како авто-механичар, службеник во Одделот за социјално осигурување, новинар, преведувач, литературен критичар и колумнист и уредник во повеќе португалски весници. Како заменик-директор на весникот „Диарио де Нотисијас“ бил разрешен по воениот удар во 1975 година и тогаш целосно се посветил на литературата.[2] Тој се оженил со Илдом Реис во 1944 година, со која ја имал ќерката Виоланте. Од 1988 година до неговата смрт, тој живеел со неговата втора сопруга, Пилар дел Рио, шпанска новинарка која била официјална преведувачка на неговите дела на шпански јазик. Сарамаго се зачленил во Португалската комунистичка партија во 1969 година, а себеси се сметал за песимист и атеист.[3] [4]

Сарамаговите анархистички и остри критики на монархизмот и католицизмот, како и на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, ги поттикнале некои критичари да го споредат со Орвел, особено по појавата на неговиот роман „Евангелието на Исус Христос“.[5] [6] По цензурата од португалската конзервативна влада во 1991 година, што ја спречила неговата кандидатура за Европската награда за литература, тој се пресели во шпанскиот дел од Канарските Острови, каде што починал во 2010 година од пневмонија.[7] Неговата сопруга, Пилар Дел Рио, била претседателка на Фондацијата на Жозе Сарамаго со седиште во Лисабон.

Творештво[уреди | уреди извор]

Својот прв роман, „Земјата на гревот“, Сарамаго го објавил во 1947 година, но подоцна не бил присутен на книжевната сцена сè до 1966 година. Како уредник во една издавачка куќа, тој имал прилика да се запознае со најзначајните современи португалски писатели и така во 1966 година ја објавил поетската збирка „Можни песни“. Оттогаш, тој напишал голем број поетски збирки, збирки раскази, романи, како и критички и полемички статии. Покрај со пишување, Сарамаго се бавел и со преводење (Пер Лагерквист, Бодлер, Толстој, Мопасан, Хегел, Андре Бонар, Жан Касу, Жак Ромен, Анри Фосион, Рејмонд Бајер итн.). Во 1995 година, Сарамаго ја добил најпрестижната португалска книжевна награда, Камоишовата награда, а три години подоцна и Нобеловата награда за литература.[8]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Најпознати дела на Сарамаго се:[9]

  • „Земја на гревот“ (роман, 1947)
  • „Можни песни“ (поезија, 1966)
  • „Веројатно радост“ (поезија, 1970)
  • „Раскази од овој и од оној свет“ (раскази, 1971)
  • „Багажот на патникот“ (раскази, 1973)
  • „Годината 1993“ (поема, 1973)
  • „Гледиштата изнесени во ДЛ“ (политички полемики, 1974)
  • „Прирачник по сликарство и калиграфија“ (роман, 1977)
  • „Белешки“ (политички статии, 1977)
  • „Квазиобјект“ (раскази, 1978)
  • „Ноќ“ (драма, 1979)
  • „Воздигнати од тлото“ (роман, 1980)
  • „Што да правам со оваа книга?“ (драма, 1980)
  • „Патување низ Португалија“ (патепис, 1981)
  • „Седум Сонца и седум Луни“ (роман, 1982)
  • „Година од смртта на Рикардо Реиш“ (роман, 1984)
  • „Камениот сплав“ (роман, 1986)
  • „Вториот живот на Франциско од Асиси“ (драма, 1987)
  • „Повест за опсадата на Лисабон“ (роман, 1989)
  • „In Nomine Dei“ (драма, 1991)
  • „Евангелие по Исус Христос“ (роман, 1991)
  • „Есеј за слепилото“ (роман, 1995)
  • „Сите имиња“ (роман, 1997)
  • „Пештера“ (роман, 2001)
  • „Удвоен човек“ (роман, 2003)
  • „Есеј за видовидоста“ (роман, 2004)
  • „Смртта и нејзините хирови“ (роман, 2005)
  • Патувањето на еден слон“ (роман, 2008)
  • „Каин“ (роман, 2009)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bloom, Harold (15 December 2010). „Fond Farewells“. TIME. Посетено на 15 December 2010.
  2. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 215-216.
  3. „Nobel Prize citation, 1998“. Nobelprize.org. Посетено на 2010-06-20.
  4. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 217.
  5. Paige, Austin (Spring 2004). „Shadows on the Wall: Jose Saramago's latest novel depicts a capitalist nightmare“. The Yale Review of Books. Yalereviewofbooks.com. Архивирано од изворникот на 2010-09-01. Посетено на 2010-06-20.
  6. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 217.
  7. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 216.
  8. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 216-217.
  9. „O autoru“, во: Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012, стр. 216-217.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Baptista Bastos, José Saramago: Aproximação a um retrato, Dom Quixote, 1996
  • T.C. Cerdeira da Silva, Entre a história e aficção: Uma saga de portugueses, Dom Quixote, 1989
  • Maria da Conceição Madruga, A paixão segundo José Saramago: a paixão do verbo e o verbo da paixão, Campos das Letras, Porto, 1998
  • Horácio Costa, José Saramago: O Período Formativo, Ed. Caminho, 1998
  • Helena I. Kaufman, Ficção histórica portuguesa da pós-revolução, Madison, 1991
  • O. Lopes, Os sinais e os sentidos: Literatura portuguesa do século XX, Lisboa, 1986
  • B. Losada, Eine iberische Stimme, Liber, 2, 1, 1990, 3
  • Carlos Reis, Diálogos com José Saramago, Ed. Caminho, Lisboa, 1998
  • M. Maria Seixo, O essential sobre José Saramago, Imprensa Nacional, 1987
  • "Saramago, José (1922–2010)." Encyclopedia of World Biography. Ed. Tracie Ratiner. Vol. 25. 2nd ed. Detroit: Thomson Gale, 2005. Discovering Collection. Thomson Gale. University of Guelph. 25 Sep. 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]