Орхан Памук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орхан Памук
Orhan Pamuk
Orhan Pamuk 2009 Shankbone.jpg
Орхан Памук, 2009 година
ЗанимањеНовелист, Професор и писател
Период1974 – денес
Книжевно движењеПостмодерна литература
Значајни наградиНобелова награда за литература
2006
мрежно место
http://www.orhanpamuk.net/

Орхан Памук (турски: Orhan Pamuk) (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) — турски писател,[1] добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Орхан Памук учел на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура[3] на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство[3] на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации, Памук бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30.000 Курди од страна на турските власти. Сепак, тој бил ослободен од обвинението во 2006 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот,[4] кој има родадено над седум милиони копии од неговите книги, преведени на педесет јазици,[5] што го прави најпродаваниот писател во неговата земја.[6] Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ (New York Times) го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.[3]

Дела[уреди | уреди извор]

Орхан Памук ги објавил следниве дела:[3]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Памук е добитник на повеќе турски и меѓународни награди, меѓу кои најзначајна е Нобеловата награда што ја добил во 2006 година. На 25 декември 2013 година, во новата зграда на МНТ, на Орхан Памук му била врачена меѓународната книжевна награда на скопската издавачка куќа „Табернакул“.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nobel in literature goes to Pamuk“. MSNBC. Associated Press. 2006-10-13. Посетено на 2008-07-29.
  2. „The Nobel Prize in Literature 2006“. Посетено на 2006-10-12.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Orhan Pamuk, Bela tvrđava. Beograd: Geopoetika, 2008.
  4. Kinzer, Stephen (1998-12-15). „A Novelist Sees Dishonor in an Honor From the State“. New York Times. Посетено на 2008-08-30.
  5. „Masumiyet Müzesi açıldı“. Radikal. Anadolu Agency. 2008-08-30. Посетено на 2008-08-30. Romanları dünyada 58 dile çevrilen ve 7 milyondan fazla satan Orhan Pamuk... |section= е занемарено (help)
  6. „En çok kazanan yazar kim?“. Sabah (турски). 2008-09-01. Посетено на 2008-09-02.
  7. „Стотици чекаа за посвета до Памук и Ерофеев“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 24.