Музеј на невиноста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музејот на невиноста
2008 Илетисим едиција
АвторОрхан Памук
Изворен насловМузеј на невиноста
ЗемјаТурција
Јазиктурски јазик
ИздавачИлетисам
Издадена
2008
Published in English
2009
Страници592 стр. (на оригиналот )
ISBN978-975-05-0609-3 (оригинал турски)
OCLC276510603

Музеј на невиноста“ (турски: Masumiyet Müzesi) е роман на турскиот писател, нобеловец Орхан Памук, објавен во 2008 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот ја опишува љубовтана главниот лик Кемал Басмаџи, роден во богато семејство во Истанбул,тој е во брак со Сибел, но е вљубен во неговата подалечна роднина Фусун, чие семејство е многу посиромашно.

По ручекот со Фусун и нејзините родители, Кемал незабележливо започнал да ги краде работите поврзани со неа.

Всушност, „Музеј на невиноста“ е прекрасен поетски, психолошки, социјален роман којшто зборува за возвишена, скоро идеална љубов.

Романот е исполнет низ сите над петстотини страници со прекрасни пасажи во кои авторот внесува неверојатна сензибилност, рефлексивност, носталгија и искреност.

Трагичната црта која е присутна од самиот почеток, всушност уште повеќе ја потенцира возвишеноста и идеалот за љубовта ' слободна, неоптоварена со ниедна конвенција, чиста и човечка.

Во романот повторно доаѓа до израз чистиот и изграден специфичен стил на авторот, за кј што впрочем добил и Нобелова награда за литература.

Романот, ќе го инспирира авторот да создаде вистински музеј на спомените, којшто денес постои во Истанбул, со име „Музеј на невиноста“ во кој се безброј предмети што се споменуваат во самиот роман.

Музејот е единствен од ваков вид во светот.[2]

Во романот, како своевидно творечко тестаментално резиме се споменуваат ликови од останатите негови романи: „Џевдет бег неговите синови “, „Тивкиот дом“, „Црна книга“, „Снег“.

Тема[уреди | уреди извор]

Судир меѓу Исток и Запад. Делото на Памук честопати се занимава со судир на културите помеѓу Исток и Запад, што всушност е една од причините за доделувањето на Нобеловат награда за литература. Овој роман постојано упатува на влијанијата на Западот (Европа и Америка) врз културата во Истанбул, особено преку идејата за музеите и филмската индустрија, кои мотивски се доста присутни во романот. Неговиот однос кон овие теми е сложен, комплексен, при што се обидува да внесе своевидна поетска и рефлексивна хармонија, барајќ ги и потенцирајќи ги вредностите на двата света кои навидум се оддалечени и неспоиви а всушност секогаш поврзани со љубовта која ги преминува сите граници.[3]

Музеј[уреди | уреди извор]

Зградата во која е сместен Музејот на невиноста

Памук после објавувањето на романот, основал вистински „Музеј на невиност“, поврзан со самата книга. Тој е сместен во зграда кај населбата Чукуркума, Бијоглу, Истанбул. Во него е изложена богата колекција на спомени за секојдневието и културата на Истанбул од периодот во којшто се случува дејството на романот . Првично, музејот требало да биде изложен на Франкфуртскиот саем на книгатѕа во октомври 2008 година, но изложбата била откажана. Во 2010 година, по многу одложувања, музејот конечно бил отворен за јавноста во април 2012 година. Иако бил отворен подоцна, идејата за музејот се развивала напоредно со пишувањето и создавањето на романот, прикажувајќи ја опсесивната романса меѓу двата главни ликови, како и поетиката на Истанбул од 1970 до 1980 година. Проектот бил поддржан од градот Истанбул во 2010 година - којшто во тоа време бил Европски главен град на културата. Во музејот е возможен бесплатен влез на сите оние што имаат примерок од книгата[4],[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]