Се викам црвено

Од Википедија — слободната енциклопедија
Се викам црвено
Прво објавување на (турски јазик)
АвторОрхан Памук
Изворен насловBenim Adım Kırmızı
ЗемјаТурција
ЈазикТурски јазик
ЖанрИсториски роман
ИздавачАлфред А. Кноф
Издадена
1998
Published in English
2001
Медиумпечат (Хардбак & Папербак)
Страници448 стр. (оригинал на турски)
ISBN975-470-711-1 (original Turkish)
ISBN 0-571-20047-8 (1st English ed.)
OCLC223008806
Клас. КБPL248.P34 B46 1998

Се викам црвено (турски: Benim Adım Kırmızı) објавен 1998, турски роман од писателот Орхан Памук.

Романот е наградуван со бројни награди низ цел свет. Особено се истакнуваат меѓународните награди во Италија, Франција а секако е дел од севкупниот впечаток од неговото творештво за доделувањето на Нобеловата награда за литература[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Главните ликови во романот се сликари на минијатури за време на Отоманското Царство.

Двајца минијатуисти биле убиени, додека работеле за книгата на султанот. Судот наредил истрага, која се претворила во истражување за корените на исламската уметност на минијатурата и односот на формата и композицијата кон природата, како и за нејзините противречни врски со исламските канони и контрапунктот со западното сликарство.

Најубавата жена во градот била вдовица. Нејзината иднина е нејасна, поради сложените закони и општествените односи, како и нејзините сопствени сомнежи и желби (еден вид паралела на конкретна човечка судбина со ситуациите или главниот мотив во романот - сликарството и неговата позиција во една империја). Дејството се се случува во Истанбул кон крајот на 16 век. Во светот на традиционалните стилски мотиви на исламското минијатурно сликарство, што било уникатно илустрирање на книгите, влијанието на западно европската уметност која најчесто била поединечна и со сосема поинакви естетски преокупации. Меѓу минијатуристите се формирале два табора - оние кои мислеле дека е време да се прифатат новите естетики и начини на сликање и оние кои верувале дека тоа е против исламските канони. Вториот табор бил поддржуван од фанатичните проповедници кои се бореле не само против новите форми во уметноста, туку и против секуларните појави (забави, кафеани) и неортодоксните религиозни институции (суфизам)[2].

Стил[уреди | уреди извор]

Пишувањето на Памук, е во духот на постмодернизмот на Борхес, при што авторот потполно го напуштил конвенционалниот начин на раскажување и нарација.

Романот е полифониско дело, составено од исповедите на скоро сите главни ликови, како и на животни, предметите и рефлексии[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]