Хенрик Понтопидан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенрик Понтопидан
Henrik Pontoppidan 1913.jpg
Понтопидан околу 1913 г.
ИмеHenrik Pontoppidan
Роден/а24 јули 1857(1857-07-24)
Фредериција, Данска
Починат/а21 август 1943(1943-08-21) (воз. 86 г.)
Шарлотенлунд, Данска
НационалностДанец
Жанрреализам
Значајни наградиНобелова награда за литература
1917 заедно со Карл Гјелеруп

Хентрик Понтопидан (дански: Henrik Pontoppidan; 24 јули 1857 - 21 август 1943) — дански романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1917 година (заедно со Карл Адолф Гјелеруп), за автентичен опис на современиот живот во Данска.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Понтопидан е роден во 1857 г. во Фредериција. Татко му бил пастор, следбеник на познатите дански писатели и реформатор на црквата Н.Ф.Ц. Грундвиф, чии идеи го поврзуваат лутерантството со национализмот. Бо 1873 г. Понтопидан се запишува во Политехничкиот институт во Копенхаген. Во 1879 година го напушта Институтот и во тек на три години е наставник. До 1900 година работи и како новинар. Врз творечкиот развиток на писателот вршат влијание и смејната средина, главно мајка му со своите демократски погледи за општеството,развиени каде Хенрик Понтопидан до степен на егалитизам, потоа настаните поврзани со пруската извазија во Јитланд во 1864 година, подозна на социјалното раслојуцање во Данска, евангелискиот пастор Фримот и данскиот литературен каритичеар Георг Брандес.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1881 година Понтапидан ја издава својата прва книга раскази "Порсечени крила". Во своето богато творештво (предимно во жанрот на романот) со осведочен уметнички усет кон детаљот, го опишува животот на Данска, создава забележливи ликови на разни социјални групи , ги опишува човечките судбини. Некои од хероите содржат и автобиографски црти - трилогијата "Ветената земја" (1891-95),"Среќниот Пер" (осум тома,1898-1904)и други. Меѓу позначајните творби,напишани по 1933 година, се мемоарите во пет тома "Младешки години" (1933), потоа "Наследство и долг" (1938),"Патување кон себеси" (1943).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009