Прејди на содржината

24 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

24 јули — 205-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (206-и во престапна година). Остануваат 160 денови до крајот на годината.

<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024
1148  Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534  Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715  Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823  Укинато е ропството во Чиле.
1908  Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923  Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946  Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974  По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002  Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
2014  Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
2019  Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј.


1725  Џон Њутон — англиски морнар и свештеник.
1783  Симон Боливарјужноамерикански борец за независност. Овој ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор.
1802  Александар Дима Таткотофранцуски писател.
1828  Николај Чернишевскируски писател, критичар и револуционер.
1860  Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот „Арт нуво“.
1886  Џуничиро Танизаки — јапонски писател.
1921  Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач.
1928  Бранко Хорват - хрватски економист.
1933  Јежи Харасимович — полски поет.
1938  Хосе Алтафини — италијанско-бразилски фудбалер.
1946  Тито Беличанец — македонски правник и универзитетски професор.
1947  Предраг Ејдус — српски и југословенски глумец.
1950  Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка.
1954  Живан Љуковчан — српски фудбалски голман.
1958  Мик Карн — британски рок-музичар.
1961  Максим Федотов — руски виолинист.
1963  Карл Мелоун — американски кошаркар.
1969  Џенифер Лопесамериканска глумица и пејачка.
1971  Дино Баџо — италијански фудбалер.
1974  Милан Јуришиќ — српски криминалец.
1975  Рајан Стак — натурализиран македонски кошаркар.
1985  Лукаш Росол — чешки тенисер.


Починале

[уреди | уреди извор]
1957  Методија Андонов - Чентомакедонски револуционер и државник — прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година.
1974  Џејмс Чедвиканглиски физичар — откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година.
1980  Питер Селерсбритански филмски глумец и комичар.
1991  Исак Башевис Сингерамерикански писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
2000  Клод Сотефранцуски филмски режисер-оскаровeц.
2001  Махир Камбери — поранешен член на ОНА.
2001  Сељман Нухиу — поранешен член на ОНА.
2001  Неџмедин Сулејмани — поранешен член на ОНА.
2023  Тревор Френсис — англиски фудбалер.


Празници

[уреди | уреди извор]
  Еквадор — Ден на Симон Боливар.