Фредериција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фредериција
Fredericia
Град
Споменикот „Ландсолдатен“ во Фредериција
Грб
Земја Данска
Регион Јужна Данска
Општина Фредериција
Височина 15 м
Координати 55°34′N 9°45′E / 55.567° СГШ; 9.750° ИГД / 55.567; 9.750
Население 39.922 (2014)
Основан 1650
 - Денешната општина 1970
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 7000
Повикувачки бр. (+45) 72
Портал: fredericia.dk

Фредериција (дански: Fredericia, изг. [fʀɛðəˈʀedɕa]) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Јужна Данска, каде со околните населени места ја сочинува општината Фредериција. Основан е како тврдина од кралот Фредерик III во 1650 г.

Денес самипот град има 39.922 жители (2014)[1], а општината Фредериција брои вкупно 50.324 жители (2014).

Природни услови[уреди | уреди извор]

Фредериција се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Фредериција е оддалечен 210 км на запад.

Релјеф

Градот Фредериција се наоѓа во источниот дел на данскиот полуостров Јитланд, на местото каде што најмногу се доближува со островот Фин. Ваквото стратегиско и прометно значење придонел на ова место да се формира град. Надрморкста височина на градот се движи од 0 до 25 метри.

Клима

Климата во Фредериција е умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.

Води

Фредериција се формирала на Лилебелт, канал имзеѓу кој се раздвојуваат островот Фин и полуостровот Јитланд. Просечната широчина на каналот изнесува 1,0-1,5 километри. Средишниот дел од градот се наоѓа на местото каде Лилебелт се отвора во море, т.е. во Категат.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето Фредериција било населено уште во времто на праисторијата. Денешната населба била формирана во 1650 година од страна на кралот Фредерик III. Населбата е замислена како тврдина на Данска на Јитланд, за обезбедување на даденото подрачје по Триесетгодишната војна.

Во 1846 година кај градот се доселила карактеристична битка во војната помеѓу Данска и Шлезивиг-Холштајн.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Фредериција има 39.797 жители во градските граници и околу 50.000 со околните населени места.

Етнички состав

Населението на Хернинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Родени
Починати

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]