Хитлерова младина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст

Хитлерјугенд (германски: Hitler-Jugend, скратено HJ, во буквален превод Хитлерова младина) била паравоена организација на Нацистичката партија. Постоела од 1922 до 1945 година. Хитлеровата младина е втората најстара паравоена нацистичка група, основана една година по СА, организација создадена за истите цели, но за возрасни.

Учење[уреди | уреди извор]

Главното знаме на Хитлеровата младина

Хитлеровата младина била замислена да стане група на „ариевски суперлуѓе“ и била учена на антисемитизам. Првата цел била мотивирање на членовите да се борат верно за Третиот рајх. Повеќе се работело на нивна физичка и воена обука, отколку на образование.

Откако младешкото извидничко движење било забрането во германските територии, било заменето со членови на Хитлеровата младина, којашто била поинаква во однос на целите и начинот на работење. На пример, многу активности на Хитлеровата младина наликувале на воена обука, со обука за оружје, тактички напади и основна стратегија. Суровост на постарите членови кон помладите била дозволена до одреден степен, па дури и препорачана, бидејќи верувале дека со тоа ќе се отстранат послабите и ќе се зацврстат останатите.

Членовите на Хитлеровата младина носеле униформи многу слични со оние на СА, со слични чинови и значки.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Хитлеровата младина е основана во 1922 како Јунгштурм Адолф Хитлер. Седиштето било во Минхен, Баварија, намената била за тренирање и регрутирање на идните членови на СА, паравоено крило на Националсоцијалистичките германски работнички партии или НСДАП, германски нацистички партии. После неуспешниот Хитлеров-пуч (1923), хитлеровата младина е официјално распуштена, но многу елементи едноставно преминале во илегала, делувајќи во тајност во мали единици. Организација е повторно формално воспоставена на почетокот на 1926 година, година дена откако што и самата нацистичка партија е реорганизирана.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]