Прејди на содржината

Пивнички пуч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст

Хитлер-пуч или Пивнички пуч (германски: Hitlerputsch или Hitler-Ludendorff-Putsch) е името на неуспешниот обид за државен удар од страна на водачот на Нацистичката партија Адолф Хитлер, истакнатиот генерал од Прва светска војна Ерих Лудендорф, и други членови на Кампфбундот. Настанот се случил вечерта на 8 ноември и пладнето на 9 ноември 1923 година, во Минхен. Putsch е германски израз за државен удар.