16 јули
Изглед



16 јули — 197-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (198-и во престапна година). Остануваат 168 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1054 | Големиот раскол — поделба на христијанството на католицизам и православие. |
| 1661 | Стокхолмската банка ја издава првата банкнота во Европа. . |
| 1885 | Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија. |
| 1940 | Адолф Хитлер издал директива за операцијата „Морски лав“ — план за инвазија на Велика Британија. |
| 1945 | Проект Менхетен: „Тринити“ — првата проба на атомска бомба. |
| 1969 | Испален вселенскиот брод „Аполо 11“ кон Месечината. |
Родени:
| 1723 | Џошуа Рејнолдс — англиски сликар, портретист. |
| 1872 | Роалд Амундсен — норвешки поларен истражувач. |
| 1899 | Божидар Јакац — словенечки сликар. |
| 1907 | Барбара Стенвик — американска глумица. |
| 1921 | Крсте Црвенковски — македонски политичар. |
| 1926 | Иван Хорват — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1941 | Мишо Ковач — хрватски поп-пејач. |
| 1942 | Маргарет Корт — австралиска тенисерка. |
| 1952 | Стјуарт Коупленд — англиски рок-тапанар, член на групата „Полис“ (Police). |
| 1962 | Уве Хон — германски атлетичар. |
| 1964 | Мигел Индураин — шпански велосипедист. |
| 1982 | Андре Грајпел — германски велосипедист. |
| 1986 | Тимофеј Мозгов — руски кошаркар. |
| 1987 | Муса Дембеле — белгиски фудбалер. |
| 1988 | Серхјо Бускец — шпански фудбалер. |
| 1989 | Герет Бејл — велшки фудбалер. |
| 1996 | Камил Семењук — полски одбојкар. |
Починале:
| 1533 | Атахуалпа — цар на Инките. |
| 1740 | Јан Купецки — чешки сликар. |
| 1963 | Николај Асеев — советски и руски поет. |
| 1985 | Хајнрих Бел — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1972 година. |
| 1989 | Херберт фон Карајан — австриски диригент. |
| 1991 | Роберт Мадервел — американски сликар. |
| 1995 | Стефан Спендер — британски поет. |
| 2012 | Џон Лорд — англиски рок-музичар, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple). |
| 2014 | Џони Винтер — американски музичар. |
| 2021 | Биз Марки — американски рапер. |