20 јули
Изглед
20 јули — 201-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (202-и во престапна година). Остануваат 164 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2026
Настани
[уреди | уреди извор]| 1402 | Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство. |
| 1903 | Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“. |
| 1924 | Во Париз е основана Светската шаховска организација. |
| 1944 | Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени. |
| 1969 | Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод. |
| 2001 | Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери. |
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]| 1816 | Гаврила Романович Державин — руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин. |
| 1903 | Лав XIII — римски папа. |
| 1913 | Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“) — полски комунист со револуционерни идеи, основач на Болшевичката тајна полиција Че-Ка — подоцна КГБ. |
| 1922 | Андреј Марков — руски математичар. |
| 1923 | Панчо Вилја — мексикански револуционeр — водач на селанската револуција од 1910 година. |
| 1913 | Васил Чакаларов — македонски војвода од Костурско. |
| 1937 | Гуљелмо Маркони — италијански физичар и инженер. |
| 1945 | Пол Валери — француски поет. |
| 1951 | Абдула I — јордански крал. |
| 1973 | Брус Ли — филмски глумец и мајстор на боречки вештини од Хонгконг. |
| 1996 | Франтишек Планичка — чехословачки фудбалски голман. |
| 2004 | Џејмс Вилијамс — американски џез-музичар. |
| 2017 | Честер Бенингтон — американски рок-пејач, член на групата Линкин парк. |