Крум Томовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Krum Tomovski.tif
Роден 21 декември 1924
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 8 јули 2010
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање архитект, конзерватор

Крум Томовски (Скопје, 21 декември 1924 - Скопје, 8 јули 2010) — македонски академик, архитект и конзерватор. Тој бил основач на Заводот за заштита на спомениците на градот Скопје, бил претседател на Архитектонската академија од нејзиното основање во 1997 до 2000 г, шеф на архитектонскиот оддел на Архитектонскиот факултет и угледен член на МАНУ[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Томовски е роден е на 21 декември 1924 г. во Скопје, каде што завршил гимназија, додека во 1952 г. дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. Веднаш по дипломирањето e избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 г. е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, во 1965 за вонреден професор, а во 1971 г. за редовен професор на Архитектонскиот факултет. Бил декан на истиот факултет од 1977 до 1978 гг, шеф на Архитектонскиот оддел, а од 1970 г. шеф на Катедрата за архитектура и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1978 - 1982). Основач е и прв директор на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје од 1963 до 1965 г. Од 1986 до 1991 г. бил претседател на Собранието на Републичката заедница за култура и претседател на Архитектонската академија на ААМ од нејзиното основање во 1997 па се до 2000 г. Во научноистражувачката работа целосно се ориентирал на проучувањето на архитектурата во Македонија, односно својата активност ја концентрирал на проучувањето на средновековната и исламската архитектура, на народната архитектура и на цели урбанистички целини. Ги проучувал и мајсторите градители. Ја проучувал и архитектурата на другите балкански народи, задржувајќи се посебно на градбите на македонските мајстори и на нивниот придонес во развојот на архитектурата во текот на XVIII и XIX век. Бил активен и како архитект-конзерватор. Одликуван е со Орден на трудот со златен венец и добитник на наградите „11 Октомври“, „Климент Охридски“, додека во 1989 г. станал прв лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на26 декември 1974 г., а за редовен член 14 мај 1979. Секретар на Академијата е во периодот од 1984-1987, 1988-1991 и 2004-2007[2] г. Избран член на Претседателството на Академијата е од 2000 до 2003 г. Раководел со повеќе проекти во МАНУ. Починал на 8 јули 2010 во Скопје, каде што и е погребан.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Напишал голем број студии и статии отпечатени во стручни списанија и во дневниот печат (повеќе од 250 единици), објавени во земјата и во странство (Италија, Романија, ЧССР и др). Учествувал во редакции на повеќе публикации. Бил член и одговорен уредник на Годишниот зборник на Техничкиот, односно подоцна на Архитектонско-градежниот факултет, член на редакцијата на публикациите на Заводот за студии и проектирање, на списанието „Културно наследство“, на „Зборник заштите споменика културе“, Белград, на публикацијата „Дрвото во архитектурата и скулптурата кај словенските народи“ (проект на УНЕСКО), како претставник на МАНУ и други соработници.

  • Мајстор Андреја Дамјанов, Крум Томовски, Архитектонско графдежен факултет Скопје, 1966;
  • Архитектурата на почвата на Македонија: од средината на XIX до крајот на XX век : прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, Крум Томовски, Михаил Токарев, МАНУ 2006, ISBN 9789989101717;
  • Протомајсторот Ѓорѓи Новаков Џонгар, живот и дело, Крум Томовски, Ванагел Божиноски ,МАНУ, 2008, ISBN 9789989101953;
  • Современные этнические процессы в СССР и СФРЮ: советско-югославское совещание, Крум Томовски, Маргарита Сергеевна Кашуба, Галаба Паликрушева, Институт этнологии и антропологии им. Н.Н. Миклухо-Маклая, Российская академия наук, Ин-т этнологии и антропологии им. Н.Н. Миклухо-Маклая, 1992
  • Современные èтнические процессы в СССР и СФРЮ: советско-югославское совешćание, Крум Томовски, М.С. Кашуба, Галаба Паликрушева, Россиîская академия наук, 1992;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Летопис на Македонската академија на науките и уметностите. МАНУ. 1985. 
  2. Крум Томовски е новиот секретар“, Време, 15 јануари 2005 (конс. 13 декември 2010 г). (на македонски)
  3. Почина академикот Крум Томовски“, Нова Македонија, петок 9.7.2010 (конс. 13 декември 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]